Македонија
Рикер-САД сакаат да ја видат Македонија во НАТО
„Ние би сакале да ја видиме Македонија во НАТО, но дали тоа ќе се случи до самитот во ноември, знаете дека тоа не е Самит за проширување“, изјави американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, одговарајќи на новинарско прашање за рамката за решавање на прашањето за името до ноември.
„Ние би сакале да ја видиме Македонија во НАТО, но дали тоа ќе се случи до самитот во ноември, знаете дека тоа не е Самит за проширување“, изјави американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, одговарајќи на новинарско прашање за рамката за решавање на прашањето за името до ноември. Тој додаде дека решавањето на спорот за името меѓу Скопје и Атина, ќе придонесе за можноста Република Македонија да се приклучи на НАТО евентуално уште од овој самит. Рикер изрази надеж за што поскоро решавање на прашањето за името меѓу Македонија и Грција. “Се радувам на средбите кои што ги имаат премиерите на двете земји, во изминатиот период и се надевам дека тоа прашање ќе биде набргу решено. Тоа е од голема корист, не само за двете земји, туку и за целокупниот регион, а се разбира и за Алијансата“, рече американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

