Македонија
Црвенковски бара референдум за „Скопје 2014“
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во петокот побара од премиерот Груевски да распише референдум за новиот урбанистички план на Скопје, затоа што тоа според него е прашање на идентитет.
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во петокот побара од премиерот Груевски да распише референдум за новиот урбанистички план на Скопје, затоа што тоа според него е прашање на идентитет.
„Вие велите дека секогаш го слушате гласот и ја следите волјата на народот. Ве повикувам барем еднаш да останете доследни на кажаното и прашајте го народот што мисли за оваа ваша фараонска идеа? Прашајте го дали се согласува неговите пари да се трошат за реализација на овој Ваш приватен проект“, истакна Црвенковски.
Тој додаде дека народот е тој кој одлучува за идентитетот и затоа смета дека треба да се прашаат граѓаните, а нивната одлука ќе ја почитува и опозицијата и власта.
„Во ситуација на сеопшта сиромаштија и економско пропаѓање да се донесе одлука да се трошат стотици милиони евра народни пари за задоволување на лични хирови и фрустрации, на фараонски проекти и наметнување на сопствениот не вкус како нов културен, урбан и национален идентитет на еден народ и една држава не може секој. Или поточно речено не може никој освен Груевски.“, истакна Црвенковски.
Тој го прашува Груевски дали знае каде живее, дали ја познава историјата на сопствениот народ, колку болници, училишта и фабрики се кријат во таквите градби.
Црвенковски го потенцираше прашањето дали Премиерот знае колку човечки и семејни судбини со парите потрошени за скулптури можат да се променат на подобро.
„Таман помисливме дека веќе нарачаните скулптури и започнатите музеи се врв на една неодговорна расипничка, кичерајска политика, Груевски побрза да нè убеди дека тој секогаш може повеќе. Очигледно е дека контактот со било каква реалност е дефинитивно изгубен“, рече Црвенковски.крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

