Македонија
Убиен Горан – Линка во центарот на Куманово
Во центарот на Куманово синоќа е убиен педесетогодишниот Горан Стојковски познат по прекарот Линка. Кој го убил Линка сè уште се испитува, но од СВР Куманово велат дека се приведени повеќе од десет лица.
Во центарот на Куманово синоќа е убиен педесетогодишниот Горан Стојковски познат по прекарот Линка. Кој го убил Линка сè уште се испитува, но од СВР Куманово велат дека се приведени повеќе од десет лица.
Убиството се случило околу 22:40 часот на влезот на трговскиот центар Гарнизон во моментот кога Горан сакал да влезе во зградата.
Убиството го пријавил граѓанин на Куманово кој го забележал безживотното тело на Стојковски, кој неофицијално бил застрелан со повеќе куршуми во глава.
Стојковски пред шест и пол години ги уби Горан Ѓеорѓиевски Мујо и Ненад Вељковски-Чавка, а рани уште тројца пред неговиот клуб „Линка“. Мотив за убиствата бил физички напад на Мујо врз најстариот син на Стојковски – Марко.
Судот го осуди Линка на осум години затвор бидејќи го прогласи за непресметлив кога го извршил убиството.
Пред шест месеци Стојковски бил пуштен од затвор, откако ја издржал казната. Сега се испитува дали убиството е одмазда за она што го направи Линка во 2005 година.
Горан Ѓеорѓиевски Мујо имаше кривично досие, но во 2001 беше назначен за командант на единицата Лавови./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува на планинскиот премин Ѓавато, кој не се задржува на коловозот.
Намалена видливост поради појава на магла со видливост од 50 до 70 метри има на Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Студено време, преку денот облачно со услови за слаб снег
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Скопје
Без вода утрово жителите на Ленинова
Поради дефект, жителите на улицата Ленинова утрово ќе останат без вода.
„Поради дефект на приклучна цевка од Ф 1” (Цол) на улицата Ленинова бр.77, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од Ленинова ( потегот од бул.Митрополит Теодосие Гологанов до ул.Никола Тримпаре од 09:00 часот до санирање на дефектот. (општина Центар)“, соопшти Водовод.