Свет
Заврши велшката епизода за "Бунарџик"

Владата нема да направи отстапки за велшката компанија “Глендор естејт” и ќе бара нов закупец за “Бунарџик” иако Велшаните се пофалија дека потпишале договор со првиот инвеститор, кој сакал да закупи 35 хектари во слободната економска зона.
ВЛАДАТА ВЕЌЕ БАРА НОВ ЗАКУПЕЦ ЗА ЗОНАТА
Владата нема да направи отстапки за велшката компанија “Глендор естејт” и ќе бара нов закупец за “Бунарџик” иако Велшаните се пофалија дека потпишале договор со првиот инвеститор, кој сакал да закупи 35 хектари во слободната економска зона. Во Дирекцијата за слободни економски зони велат дека нема да го обноват договорот за закуп со Велшаните бидејќи тие се однесувале несериозно и досега не инвестирале ниту денар во “Бунарџик”.
– Од “Глендор естејт” постојано бараат некакви отстапки и веќе не им веруваме бидејќи не покажаа дека се сериозни инвеститори. При секое нивно појавување, наместо да се зафатат со работа и да инвестираат, тие постојано бараат да се менува договорот за закуп, што е спротивно на нашите закони. Повеќе нема да ги прифаќаме нивните барања бидејќи повторно ќе изгубиме значајно време – вели Ракип Дочи, директор на Дирекцијата.
Велшаните, пак, во петокот побараа средба со луѓе од Владата за да им кажат дека ги прифаќаат тендерските услови за закуп. Тоа значи дека “Глендор естејт” се обврзува дека ќе ја уплати банкарската гаранција од еден милион евра, дека ќе инвестира во инфраструктурата и нема да бара траен закуп за дел од земјиштето.
Од Владата информираат дека оствариле контакти со американско-турската компанија “Есбаш”, која стопанисува со најголемата економска зона во турскиот град Измир.
(Р.Ј.Н.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Туск: Соборени се дроновите што претставуваа закана

Синоќа, голем број руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор, објави полскиот премиер Доналд Туск, додавајќи дека биле соборени беспилотните летала што претставувале директна закана.
„Синоќа, голем број руски беспилотни летала го нарушија полскиот воздушен простор. Овие беспилотни летала што претставуваа директна закана беа соборени. Јас сум во постојана комуникација со генералниот секретар на НАТО и нашите сојузници“, рече Туск.
Европа
(Фото) Остатоци од дрон паднале врз станбена куќа во Полска

Остатоци од руски дрон паднале врз станбена куќа во регионот Лублин, објавија полските медиуми. „Полсат њуз“ објави дека покривот и паркингот се оштетени, но никој не е повреден.
Повикувајќи се на локален полициски инспектор, „Полсат“ соопшти дека „остатоците од руски дрон паднале врз станбена куќа во градот Вирики Вола“.
— Remiza.pl (@remizacompl) September 10, 2025
„Луѓето слушнале експлозија и виделе полски борбени авиони. Ситуацијата е доста сериозна и загрижувачка. Навистина постои голема загриженост кај жителите“, рече градоначалникот Мариуш Занко.
Регионот Лублин, во источна Полска, се граничи со Белорусија и Украина.
фото: принтскрин
Европа
Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на ноќта.
„Полските и сојузничките операции на воздухопловните сили поврзани со кршење на полскиот воздушен простор се завршени. Пребарувањето и локализирањето на можните места на удар на објекти што го нарушија полскиот воздушен простор е во тек“, се вели во соопштението.
Полската војска им се заблагодари на Воздухопловната команда на НАТО и на Холандија за испраќањето борбени авиони „Ф-35“ за да се обезбеди безбедноста на полското небо. Земјените системи за воздушна одбрана и радарското извидување се вратија на стандардни оперативни активности.
Само еден аеродром сè уште не е отворен
Главниот аеродром во Варшава е повторно отворен. Портпаролот на Полската агенција за воздушна навигација сега изјави за телевизиската станица TVN24 дека аеродромите во Модлин и во Жешов исто така се повторно отворени.
Аеродромот во Лублин останува привремено затворен.
фото: принтскрин