Свет
Бројот на потврдени случаи на новиот вирус на грип зголемен на 615
Бројот на потврдени случаи на заболени од новиот грип од типот А (H1N1) во светот е зголемен од 367 на 615, од кои 17 случаи се со смртен исход, соопшти денеска Светската здравствена организација
СЗО наведе дека според најновите податоци досега во 15 земји лабораториски е потврдена заразеноста од болеста која прво се појави во Мексико.Најмногу нови случаи се забележани во Мексико, каде лабораториски се потврдени 397 случаи и 16 починати, додека во САД 141 случај и едно лице починато.Во Канада се регистрирани 34 случаи на новиот грип, во Шпанија и Велика Британија по 13, додека во Германија и на Нов Зеланд се забележани по четири случаи.Во Израел се регистрирани два случаи на новиот грип, додека во Австрија, Холандија, Швајцарија, Кина, Данска, Франција и Јужна Кореја е забележан по еден случај, покажуваат најновите податоци на СЗО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почна европска истрага против Фејсбук и Инстаграм
Европската Комисија покрена истрага против социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, во сопственост на технолошкиот гигант Мета, поради сомнежи дека не ги почитуваат своите обврски во борбата против дезинформациите. Овие обврски произлегуваат од Законот за дигитални услуги.
„Оваа Комисија создаде средства за заштита на европските граѓани од насочени дезинформации и манипулации од трети земји и ако се сомневаме дека има прекршување на правилата, ние постапуваме“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Таа додаде дека борбата против дезинформациите е особено важна за време на изборната кампања.
Комисијата ќе ја фокусира својата истрага на сомневањата дека Мета не ги исполнува своите обврски според Законот за дигитални услуги поврзани со ширење на погрешни реклами, кампањи за дезинформации и координирано лажно однесување во ЕУ.
Свет
Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти
Фармацевтската компанија Астра Зенека во судски документ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика ретки несакани ефекти, вклучувајќи згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца.
Во Велика Британија е покрената колективна акција против Астра Зенека, која тврди дека употребата на вакцината CoviShield довела до смрт и сериозни штети и бара отштета до 100 милиони фунти за 50 жртви, објави „Индепендент“.
Една од тужителите тврди дека вакцината и предизвикала трајно оштетување на мозокот и дека згрутчувањето ја оставило неспособна да работи.
Свет
Ерупција на вулканот Руанг во Индонезија:, евакуирани повеќе од 12.000 луѓе
Во Индонезија се евакуирани 12.000 луѓе кои живеат во близина на островот Сулавеси, каде што еруптираше вулканот Руанг, за што Центарот за вулканологија и проценка на геолошки ризик прогласи највисоко, четврто ниво на тревога.
Жителите на островот се преместени во градот Манадо, а Центарот ги предупреди граѓаните на соседниот остров Тагуланданг дека постои опасност од цунами поради паѓање на материјал од вулканот во океанот, пренесува Ројтерс.
Се проценува дека чадот над вулканот достигнал висина од пет километри, поради што биле евакуирани жителите во радиус од седум километри.