Македонија
Продолжува негативниот тренд на Македонска берза
Индексите на Македонска берза продолжуваат со својот опаѓачки тренд, при што клучниот индекс МБИ-10 денеска се намали за 1,53%
Индексите на Македонска берза продолжуваат со својот опаѓачки тренд, при што клучниот индекс МБИ-10 денеска се намали за 1,53% и го спушти нивото на 2.360,15 индексни поени.
Индексот МБИД со пад од 0,20% достигна вредност од 2.195,21 индексни поен, додека ОМБ опадна за 0,19% и се позиционира на вредност од 105,76 индексни поени.
Вкупниот прометот денеска на Македонската берза за хартии од вредност изнесуваше 9.283.294,10 денари
На официјалниот пазар беа реализирани 90 трансакции преку кои се постигна промет од 7.804.154,10 денари, а 1.965.875,10 денари од тоа беше промет остварен со државните обврзници за денационализација и девизни влогови.
Редовниот Пазар оствари скромен промет од 1.479.140,00 денари и 22 реализирани трансакции. Индексите го продолжуваат својот опаѓачки тренд
Акцијата на Комерцијална Банка Скопје оствари промет од 1.517.920,00 денари, а се истргуваа вкупно 652 акции. Се постигна просечна цена од 2.328,10 денари која беше доволна за намалување од 1,53%.
Промет од 1.402.088,47 денари имаше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со вкупно истргувани 29.300 обврзници. Просечната цена изнесуваше 78,22% од номиналната вредност а намалувањето беше 0,58%
Од редовниот Пазар најтргувана беше акцијата на Сипо Сигурносни појаси Охрид со промет од 465.000,00 денари и просечна цена од 3.000,00 која беше без промена. Се истргуваа вкупно 155 акции.
Акцијата на Македонски Телеком оствари промет од 278.315,00 денари со истргувани 785 акции. Просечната цена од 354,54 денари ја намали дневната цена за 0,13%
ЕМО Охрид на акционерското собрание донесе одлука со која добивката од ДООЕЛ-ите кои остварија добивка во 2008 година да се искористи за покривање на загубите на ДООЕЛ-ите кои остварија загуба во 2008 година. Остатокот од непокриената загуба да се покрие од акумулираната добивка од претходниот период.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Алкалоид Скопје
2. Комерцијална Банка Скопје
3. Р.Македонија – Денационализација 08
4. Макпетрол Скопје
5. Сипо Сигурносни појаси Охрид
Хартии од вредност со најголем пораст
1. Тргојуг Скопје 107,13%
2. Илинден Скопје 20,00%
3. Р.Македонија – Денационализација 05 1,25%
4. Гранит Скопје 0,99%
5. Р.Македонија – Девизни Влогови 0,17%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Отекс Охрид 25,00%
2. Бетон Скопје 10,66%
3. РЖ Услуги Скопје 4,00%
4. Комерцијална Банка Скопје 3,09%
5. Алкалоид Скопје 2,26%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

