Свет
Путин лично ќе се погрижи за Северен Кавказ
Рускиот премиер Владимир Путин ќе го земе развојот на насилниот севернокавкаски регион под своја лична контрола, како претседател на новата наменска комисија, јавува РИА Новости
Во комисијата, исто така, ќе членуваат и претседателскиот емисар за Северен Кавказ, Александар Клопонин, претседатели на регионалните влади и министри од руската влада. Русија се бори со милитантите во регионот од почетокот на 1990-те години, а во Чеченија водеше и две крвави војни.И додека во Чеченија, која сега е под водство на некогашниот сепаратистички лидер, а сега сојузник на Москва, Ранзан Кадиров, бројот на терористички напади во последниве години значително се намали, насилства се засилија во соседните федерални републики Ингушетија и Дагестан.Комисијата треба да почне со работа утре, на 1 октомври. Целта на основањето на оваа комисија е да му се помогне на Клопонин, кој беше назначен за претседателски емисар во новооснованиот Федерален округ на Северен Кавказ во јануари годинава, да ги координира регионалните министерства, освен оние кои се одговорни за безбедноста.Шефот на рускиот Центар за политички технологии од Москва, Борис Макаренко, вели дека вмешувањето на Путин ќе помогне да се привлечат странски и домашни инвестиции во регионот.„Авторитетот на Путин и неговите гаранции до инвеститорите тука ќе играат значајна улога“, смета Макаренко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Медведев: Што ќе направи Галскиот петел? Ќе го киднапира Трамп? Нуклеарен напад врз САД?
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, ја коментираше вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон.
„Галскиот петел закукурика дека ако суверенитетот на Данска биде допрен, последиците ќе бидат без преседан. Што ќе прават?! Ќе го киднапираат американскиот претседател? Нуклеарен напад врз САД? Секако дека не. Тие само ќе се исплашат и ќе се откажат од Гренланд. А тоа би бил одличен европски преседан“, напиша Медведев на Икс.
The Gallic cock has crowed that, if the sovereignty of Denmark is affected, the consequences would be unprecedented. Ooh, what they will do?! Kidnap POTUS? Nuke the US? Course not. They’ll just shit their pants and give up Greenland. And that’d would be a great European precedent
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) January 14, 2026
Макрон вчера се осврна на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија. „Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, како што објави портпаролката на владата Мод Брежон.
„Доколку суверенитетот на една европска земја и сојузник биде загрозен, последиците ќе бидат невидени. Франција многу внимателно ја следи ситуацијата и ќе дејствува во целосна солидарност со Данска и нејзиниот суверенитет“, додаде тој.
Регион
(Видео) Тешка несреќа во Словенија: Експлодираше цистерна, автопатот е затворен
Поради сериозна сообраќајна несреќа, Штаерскиот автопат во Словенија е затворен за сообраќај во двата правци во делот помеѓу Словенске Коњице и Словенска Бистрица Југ.
Според неофицијални информации, во несреќата во која учествувале повеќе возила, експлодирала цистерна, објавува N1 Словенија.
Се наведува дека детонацијата наводно се слушнала во поголемиот дел од Словенска Бистрица. Се очекуваат официјални изјави од полицијата и пожарникарите.
Словенечкиот информативен центар за сообраќај им советува на возачите на патнички возила да се пренасочат кон регионалните патишта.
Свет
Си-Ен-Ен: Иран се подготвува за одмазда
Иран има подготвено потенцијални одговори во случај САД да ја нападнат земјата, а одмаздата би била насочена кон воени објекти на Блискиот Исток, вклучувајќи ги и оние во Ирак и Сирија, објави Си-Ен-Ен. Американските претставници укажуваат на зголемени ризици за американските сили во регионот поради страв од напад.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, постојано предупредуваше на воена акција и сега, според претставниците, е под притисок да дејствува.
„Тој повлече црвена линија и чувствува дека треба да направи нешто“, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со внатрешните дискусии.
Во меѓувреме, дебатата за следните чекори продолжува во рамките на американската администрација. Потпретседателот Џ.Д. Венс претседаваше со состанок на високи претставници за да се разговара за моменталната ситуација, при што тимот за национална безбедност на Трамп е поделен околу тоа дали да се започне воен напад.
Претставниците изјавија дека секоја акција би го избегнала распоредувањето на копнени сили и нема да претставува почеток на продолжена воена кампања. Една опција што се разгледува вклучува таргетирање на објекти поврзани со иранските безбедносни служби.
фото/Depositphotos

