Свет
Продолжуваат судирите околу Преах Вихaр
Силите на Тајланд и на Камбоџа и во вторникот продолжуваат со судирите на границата, со престрелка кај храмот Преах Вихaр, 150 километри источно од местото каде веќе четири дена има борби, соопшти тајландската армија. Ова е прв знак дека судирот може да се прошири и на другите подрачја.
Портпаролот на тајландската армија, Сансем Каевкамнерд, изјави дека двете страни во судирот користат ракети со краток дострел и автоматски пушки. Борбите се водат околу хиндуистичкиот храм кој потекнува од 12-от век.По судирите во февруари, беше воспоставено примирје меѓу двете страни, кој траеше до неодамна. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за предизвикување на новите судири. Во неделата Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, ги повика двете земји на примирје, предупредувајќи дека граничниот спор не може да се реши со воени средства и дека еден пат до мирот е сериозен дијалог. Ки-Мун апелираше до двете страни максимално да се воздржуваат и итно да преземат мерки за прогласување примирје. Судрите, во кои од петокот загинаа 11 војници на двете страни, продолжи и изутринава западно од храмот Преах Вихар, додека локалното население масовно се евакуира од регионот. По судирите во февруари беше воспоставено примирје кое траеше сѐ до петокот. И двете страни меѓусебно се обвинуваат за предизвикување на новите судири.Во февруари годинава судирот меѓу единиците на армиите на двете земји траеја четири дена и во нив имаше повеќе од десет загинати и ранети. Тензиите околу подрачјето во областа во којашто се наоѓа древниот будистички храм Преах Вихар траат повеќе десетина години. И двете земји тврдат дека полагаат право на древниот храм кој Меѓународниот суд на правдата во 1962 г. и4 го додели на Камбоџа.. Пред три години Преах Вихар беше ставен на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО што предизвика одушевување во Камбоџа и бес во Тајланд.Покрај тоа, дополнителни проблеми предизвикува и фактот што неколку зони долж границата меѓу Тајланд и Камбоџа не се разграничени, што ги поттикнува оспорувањата меѓу двата соседа како и честите оружени инциденти во кои и во периодот меѓу 2008 и 2009 г. имаше повеќе загинати и ранети.Чести се престрелките меѓу војските на Тајланд и Камбоџа во регионот каде се протега спорната границата, но досега стануваше збор за краткотрајни пррестрелки без жртви. Тие обично беа надминувани со лична средби на командантите на воените единици кои размениле оган.Во моментов, сепак, односите меѓу Тајланд и Камбоџа се мошне напнати. Територијалниот спор околу земјиштето на кое се наоѓа древниот храм Преа Вихеар (Пхра Вихран) кој е на списокот на светско културно и историско наследство на УНЕСКО, ги доведе двете царства на работ од војна.Во последните неколку седмици, и од двете страни на границата трупаат армиски сили, вклучувајќи и оклопни единици.Според аналитичарите, конфликтот кој се активира а потоа згаснува во текот на изминатите 50 години се јавува поради внатрешните политички проблеми на Тајланд. Во пресрет на општите избори што ќе се одржат во 2011 г,, тајландските националисти нагло ги зголемија активностите со нивните радикални говори и улични протести, барајќи „чистење на окупираните тајландски територии“ од камбоџанските војници и доселеници.Во моментов односите меѓу Тајланд и Камбоџа се многи тензични. Територијалниот спор околу земјиштето на кое се наоѓа древниот хинду храм Преах Вихеар или Пхра Вихран, кој е на листата на УНЕСКО на светското културно и историско наследство ги доведе двете земји кои по уредување се царства, на работ од војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати
Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека ветеранот од Лабуристичката партија повеќе пати лажел за своите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
Стармер попушти под притисокот од опозициската Конзервативна партија, како и од делови од неговата Лабуристичка партија, и се согласи да објави документи поврзани со назначувањето на Манделсон за амбасадорска функција во 2024 година.
Манделсон, поранешен министер во лабуристичката влада пред повеќе од 15 години, поднесе оставка од Домот на лордовите во вторник поради неговите врски со Епстин и сега е под полициска истрага за наводна злоупотреба на службената должност.
Документите објавени од Министерството за правда на САД минатата недела вклучуваат пораки што сугерираат дека Манделсон му испраќал доверливи владини документи на Епстин и дека бил платен за тоа.

Манделсон изјави дека не се сеќава дека примил пари, но сè уште јавно не коментирал за наводите за доставување доверливи материјали, ниту пак одговори на медиумските прашања.
Стармер се бранеше тврдејќи дека дејствувал брзо, одземајќи му ги сите титули и должности на Манделсон, обвинувајќи го за предавство на националните интереси на Обединетото Кралство.
Сепак, објаснувањето на премиерот за тоа како е назначен Манделсон не ја смири опозицијата, која отворено го доведе во прашање политичкото расудување на Стармер, како и улогата на неговиот најблизок советник Морган МекСвини.
Аферата предизвика незадоволство и во рамките на Лабуристичката партија, каде што пратениците се сè повеќе фрустрирани од серијата непријатни политички пресврти што ја погодија владата на Стармер.
Свет
Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир и безбедност и ги повика Русија и САД без одложување да започнат преговори за нова рамка за контрола на нуклеарното оружје.
Договорот „Нов СТАРТ“, кој истече на полноќ во среда, го ограничи бројот на стратешки нуклеарни боеви глави што Русија и САД можеа да ги распоредат, како и бројот на ракети и бомбардери базирани од копно и подморница, дизајнирани да ги испорачаат.
„За прв пат по повеќе од половина век, се соочуваме со свет без никакви обврзувачки ограничувања за стратешките нуклеарни арсенали на Руската Федерација и Соединетите Американски Држави, двете држави кои поседуваат огромно мнозинство од глобалниот нуклеарен арсенал“, рече Гутереш во соопштението.
Тој предупреди дека разоткривањето на децениските достигнувања во контролата на оружјето се случува во време кога, рече тој, ризикот од употреба на нуклеарно оружје е највисок во последните децении.
Во исто време, тој нагласи дека постои можност за „ресетирање“ и создавање режим на контрола на оружјето прилагоден на променливата глобална средина и ги поздрави изјавите на лидерите на Русија и САД за потребата да се спречи враќањето на неконтролираното ширење на нуклеарното оружје во светот.
„Светот сега гледа кон Русија и САД да ги претворат зборовите во дела“, рече Гутереш, повикувајќи ги двете земји без одложување да се вратат на преговарачката маса и да се договорат за договор-наследник што ќе ги врати проверливите граници, ќе ги намали ризиците и ќе ја зајакне заедничката безбедност.
Свет
Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа
Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во Појасот Газа откако биле предадени од Израел, а испораката се изврши преку Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Министерството соопшти дека телата и останките пристигнале во медицинскиот комплекс Ал-Шифа со возила на Црвениот крст, каде што медицинските екипи веднаш започнале со форензичка обработка во согласност со одобрените медицински процедури.
Се вели дека во тек е работа за завршување на процесот на преглед и документирање во координација со надлежните органи и специјализираните комитети, пред да им се дозволи на семејствата да ги идентификуваат телата според утврдените протоколи.
Израелската војска продолжи да го крши договорот за фазен прекин на огнот што стапи на сила на 10 октомври, и покрај објавата на САД во јануари дека започнала втора фаза.
Таа фаза вклучува дополнителни израелски повлекувања од Газа и започнување на напорите за реконструкција, за кои ОН проценува дека ќе чинат околу 70 милијарди долари.
Прекинот на огнот стави крај на израелската офанзива што започна во октомври 2023 година и траеше две години, во која, според палестинските бројки, беа убиени речиси 72.000 Палестинци, а повеќе од 171.000 беа ранети, додека околу 90 проценти од инфраструктурата на Газа беше уништена.

