Македонија
CNN емитуваше програма во живо од центарот на Скопје
Со Камениот Мост и реката Вардар во кадар, новинарот Ана Корен вечерва го имаше своето прво вклучување во живо од Македонија, како дел од емисијата i-List, чие мајско издание е посветено на земјава.
Со Камениот Мост и реката Вардар во кадар, новинарот Ана Корен вечерва го имаше своето прво вклучување во живо од Македонија, како дел од емисијата i-List, чие мајско издание е посветено на земјава. Спорот со името со Грција беше во фокусот на снимениот разговор на новинарот Ник Робертсон со македонскиот премиер, Никола Груевски. Претседателот на Владата објасни дека со спорот, не е засегнато само името на државата, туку и идентитетот на македонскиот народ. Груевски пред гледачите на CNN ја истакна и посветеноста на земјата со учеството на армиските сили во мисијата ИСАФ во Авганистан. CNN, преку краток историјат, го опиша проблемот со името, информирајќи дека земјава во меѓународните организации е примена под референцата „Поранешна Југословенска Република Македонија“, а додека најголемиот дел од земјите во светот во билатералната комуникација и се обраќаат под името Република Македонија. Застаната покрај Вардар, новинарот Корен не пропушти да каже дека тоа е најголемата река во Македонија, која главниот град Скопје го дели на доминантно македонски и албански дел, додека Камениот мост е симболот што ги поврзува двете заедници. Преку неколку минутен прилог на новинарот Робертсон, беше опишана индустријата за вино во Македонија, споредувајќи ги лозовите полиња со долината Напа во САД. Во рамки на 30-минутното вклучување од Скопје, CNN информираше и за најновите случувања во светот. Корен на крајот потсети дека екипата на CNN до 14-ти мај секоја вечер ќе се вклучува во живо од Македонија, нарекувајќи ја фасцинантна земја со богата историја и култура. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри има на планинскиот премин Страцин, Битола, Прилеп, Македонски Брод, Кочани, Делчево, Струмица и Петровец.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода делови од скопски Центар
Поради уличен дефект од ф -200мм на ул. Питу Гули бр.5, прекинато водоснабдување од 09,00ч до завршување со работните активности ќе имаат корисниците на ул. Питу Гули (градинка Кочо Рацин), ул. Ацо Караманов, Димитар Пандилов, Ганчо Хаџипанзов и дел од Караорман о. Центар.
Македонија
Без струја делови од Сарај, Ѓорче Петров и Зелениково
Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе бидат следните корисници:
· Во период од 09,00ч до 14,00ч корисниците од с. Кондово (горен дел од стара џамија), општина Сарај;
· Од 08,30ч до 15,00ч поголем дел од корисниците на ул. Стоби, ул.Пробиштипска, ул. Мице Козар и дел од ул. Социјалистичка зора, општина Ѓорче Петров и
· Во период од 09,00ч до 15,00ч дел од с. Пакошево, кон с. Ново Село, општина Зелениково