Свет
Салех одби да го потпише мировнито план со јеменската опозиција
Главната јеменска опозициска групација во саботата го обвини претседателто Салех дека го блокира планот на Советот за сопработка на земјит еод Зливот (GCC) според кој треба да се повлече од власта следните 30 дена
„Власта го блокира договорот. Генералниот секретар на GCC ни соопшти дека Али Абдула Салех одбил да го потпише во својство на претседател. Рекол дека сака да го потпише како лидер на владејачката партија, а тоа е прекршување на текстот на договорот на Заливската иницијатива“, изјавил опозицискиот функционер Султан ал-Атвани.Според портпаролот на опозицискиот Зеднички форум, Мохамед Катани, станува збор за клучен дел од планот при што опозицијата нема намера да попушпт, пренесува Reuters.Мировниот план треба да биде потпишан во недeла во Ријад, во присуство на министрите за надворешни рaботи на земјите членки на GCC.Претходно во саботата, генералниот секретар на GCC, Абудлатиф ал-Зијани допатува во главниот град на Јемен, Сана, на покана на опозицијата и владата на Јемен на церемонијата на потпишување договор за предавање на власта.Јеменскиот претседател претходно ја поддржа иницијативата за внатрејеменски договор на GCC за помирување, додавајќи дека договорот меѓу јеменската власт и опозицијата „треба да се направи исклучиво од двете страни “. Сепак, Салех изјави дека ако на потпишувањето на овој договор кој треба да се одржи следниот понеделник во саудискиот град Ријад, присуствуваат претставници на Катар, тој одбива да го потпише „договорот за помирување“. Минатата седмица владејачката партија во Јемен, „Генералниот народен конгрес“ го одобри планот предложен од страна на GCC, кој предвидува оставка на претседателот Салех за 30 дена по формирањето влада на национално единство. По назначувањето на владата, претседателот треба да ја предаде власта на заменик-претседателот а опозицијата да престане со демонстрациите. Според иницијативата на на GCC, Салех, исто така,треба да добие имунитет од судско гонење.Противниците Салех бараа негово непосредно заминување од функцијата, иако неговиот мандат истекува на крајот од 2013 г. Претседателот Салех на 18-ти март објави воведување полициски час во земјата за период од 30 дена. Таа одлуката беше одобрена од страна на јеменскиот парламент. Објавувањето на вонредната состојба следеше еден ден откако западните медиуми објавија дека јеменските безбедносни сили стрелале врз анти-владините демонстранти во главниот град на Сана при што убија 40 лица, а околу 300 беа ранети. Јеменски претседател изрази жалење за загинувањето на цивилите, но ги негираше вината на припадниците на безбедносните структури на земјата.Протестите инспирирани од востанијата во Тунис и во Египет го доведоа до раб на пропаст 32-годишното владеење на актуелниот претседател Али Абдула Салех. Но, Салех во почетокот повика на прекин на насилствата, затоа што немал никаква намера да си поднесе оставка.Во Јемен од почеток во февруари продолжуваат анти-владините демонстрации, со кои се бара оставката на Салех, кој стана претседател на Северен Јемен во 1978 г. а по повторното обединување на Северен и Јужен Јемен во 1990 г., застана на чело на новоформираната унитарна Република Јемен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

