Вести
Трамп со економски мерки се обидува да добие нов залет
Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп, се обиде во понеделникот да ѝ даде нов полет на својата кампања, ветувајќи дека доколку биде избран ќе ги намали даноците, како и дека САД со неговиот нов економски план ќе доживее нов почеток.
Претставувајќи ја својата економска визија во говорот во Економскиот клуб во Детроит, њујоршкиот бизнисмен Доналд Трамп реле „Тоа може да се стори, а не ниту толку тешко“.
Трамп понуди повеќе предлози, вклучително и даночните реформи за коишто рече дека ќе предизвикаат најголема даночна револуција во САД од ерата на претседателот Роналд Реган.
Трамп го искористи говорот за економијата за да ја сврти страницата во кампањата по седмицата во која му се припишуваат некои погрешни чекори поради кои беше во серија критикуван, вклучително и од Републиканската партија којашто го кандидираше. Демократската кандидатка е уште во предност, сепак значително намалена, три месеца пред изборите на 8-ми ноември.
Медиумите забележуваат дека Трамп ги следел во Детроит подготвените точки од говорот, а ја задржал и присебноста кога бил прекинуван од демонстрантите. Неговите идеи во говорот се оценуваат како наменети и за богатата деловна заедница и за работници.
Планот вклучува, меѓу другото, и намалување на стапката на данокот на доход и на корпоративниот данок, како и носење нови законски одредби за вработените родители кои се справуваат со трошоците за издржување на децата.
Трамп вети и оживување на планот за нафтоводот Кејстон, а би ги повлекол САД и од Договорот за транспацифичкото партнерство кое го поддржува актуелниот претседател Барак Обама.
„Сега започнуваме голема национална расправа за економската обнова на Американ. Тоа е дебата за тоа како да ја направиме Америка повторно голема за сите.. особено за оние кои примаат најмалку“, порача Трамп./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.