Македонија
Двојното државјанство веќе нема да биде спас за избегнување на правдата
Во процедура е иницијативата за измена на Уставот на Македонија, со што се очекува веќе двојното државјанство да не биде пречка за гонење на сторители на кривични дела за организиран криминал и корупциските кривични дела, а кои се наоѓаат надвор од Македонија, соопшти министерот за правда, Михајло Маневски.
„Сега сме во фаза на усогласување на нашиот Устав. Секој којшто ќе стори кривично дело да не може да одбегне казна за одговорност поради тоа што поседува двојно државјанство. Ние имаме такви случаи. Се разбира дека никој со казнено дело не смее да стекнува било каде имотна корист и сите држави во таа регионална соработка се должни и обврзани да соработуваат. Секако дека таа соработка е во интерес на граѓаните на тие држави, граѓаните на Европа. Тие што сториле казнени дела од овој вид не смеат да бидат имуни на одговорност. Тоа се дела на трговија со луѓе, тоа, перење пари, тоа се дела на корупција“ рече Маневски.
По измените на Уставот, како што најави Маневски следуваат билатерални договори со Хрватска, Србија, Црна Гора, како и некои договори со Косово.
Поранешниот директорот на Царинската управа на Македонија Драган Даравелски не ги одлежа седумте години затвор во Македонија бидејќи со српскиот пасош Даравелски живее во Белград.
Слични се случаите и со поранешниот стечаен управник, Владимир Тамбурковски, поранешниот министер за здравство, Владо Димов, а се очекува и расчинетиот владика Јован Вранишковски да го употреби своето српско државјанство.
Вранишковски беше уапсен во Бугарија, но иако Македонија има поднесено барање за екстрадиција на Вранишковски, се уште нема никакви вести од Бугарија./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај.
· од 07:00 до 16:00 часот, корисниците од улиците: Божин Николов, Хаџи Трајко и Горно Лисиче (во делот кон село Долно Лисичче) во општина Аеродром;
· од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во општина Сарај;
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата Милан Мијалковиќ во општина Кисела Вода.
Македонија
Студен бран со врнежи од дожд и снег
Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25л/м2) каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.
Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч). Потоа до четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег, особено попладне. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Во следните три дена ќе има услови за провејување на снег, особено во среда.
Македонија
Без струја утре делови од Аеродром, Кисела Вода и Сарај
Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај, а задутре корисниците од општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија, утре од 7:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Божин Николов“, „Хаџи Трајко“ и „Горно Лисиче“, во делот кон селото Долно Лисиче.
Од 8:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во Сарај, а од 11:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Милан Мијалковиќ“.
Во вторник, 24 декември, од 19:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Струшка во Општина Карпош.