Македонија
Берзански извештај за сабота
Дополнителен трговски ден на македонската берза во саботата не изобилуваше со трансакции односно беше остварен промет од 3.542.805,46 денари.
Дополнителен трговски ден на македонската берза во саботата не изобилуваше со трансакции односно беше остварен промет од 3.542.805,46 денари.
МБИ10 оствари незначително намалување од 0,15% при вредност од 3.215,17 индексни поени и го продолжи опаѓачкиот тренд кој трае веќе три дена.
МБИД исто така го продолжи опаѓачкиот тренд со намалување од 1,47% при вредност од 3.274,49 индексни поени. ОМБ остана на истото ниво од 106,43 индексни поени. На официјалниот пазар прометот изнесуваше 2.784.303,46 денари при реализирани 36 трансакции, додека редовниот пазар оствари промет од 758.502,00 денари при реализирани 16 трансакции.. Тргувањето со државните обврзници изнесуваше 920.058,46 денари. Државната обврзница за денационализација од осмата емисија имаше најголем промет од целата берза, а изнесуваше 950.058,46 денари. Просечната цена од 80% беше без промена. Истргувана беше количина од 18.800 обврзници која се реализира преку 2 трансакции. Втора по ликвидност од официјалниот пазар беше Алкалоид Скопје со промет од 370.000,00 денари. Просечната цена од 5.441,18 денари значеше намалување од 0,71%. Истргувана беше количина од 68 акција. Со акцијата на Комерцијална Банка Скопје беше остварен промет од 357.400,00 денари. Со просечната цена од 3.249,09 денари значеше незначителен пад од 0,03%. Истргувани беа 110 акции. Од редовниот пазар најтргувана беше Лозар – Пелистерка Скопје со промет од 183.000,00 денари. Просечната цена изнесуваше 3.000,00 денари и беше без дневна промена. Истргувани беа 61 акции преку 3 трансакции. Втора по ликвидност од редовниот пазар беше ФЗЦ 11 Октомври Куманово со промет од 182.000,00 денари. Просечната цена од 1.300,00 денари забележа пораст од 0,35%. Истргувани беа 140 акции. Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 082. Алкалоид Скопје3. Комерцијална Банка Скопје4. Гранит Скопје5. Стопанска Банка Битола Хартии од вредност со најголем пораст 1. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 2,86% 2. Фершпед Скопје 1,26%3. Гранит Скопје 0,71%4. Макпетрол Скопје 0,70%5. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 0,35%Хартии од вредност со најголем пад1. Попова Кула Демир Капија 10,00%2. Прилепска Пиварница Прилеп 9,30%3. Топлификација Скопје 1,72%4. Алкалоид Скопје 0,71%5. УНИ Банка Скопје 0,33%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дебакл на Мицкоски, историски пад на странските инвестиции за 729 милиони евра, велат од СДСМ
„Драматчен пад на странските директни инвестиции во 2025 година од 61% покажуваат последните економски податоци на Народна банка. Со Христијан Мицкоски на чело на Владата, во 2025 година има намалување на странските инвестиции за огромни 729 милиони евра во споредба со 2024 година“, велат од СДСМ.
„Поради политиките на СДСМ, во 2024 година странските директни инвестиции изнесуваа 1 милијарда и 196 милиони евра, додека во 2025 година со Мицкоски тие се сведени на само 467 милиони евра. Дебакл.
Но, затоа има пари за криминални тендери, 161 тендер за една фирма, 51 за втора, 74 тендери за трета фирма блиска до власта. ВМРО-ОКГ се грижи само за својот приватен бизнис.
За време на владите на СДСМ, беа отворени 16 нови фабрики како резултат на директни странски инвестиции – гиганти. Се генерираа над 10.000 нови работни места само во технолошко-индустриските развојни зони.
Што се случува сега со Мицкоски и ВМРО-ОКГ? Има историски пад на инвестициите и губење на илјадници работни места. Германскиот гигант Aktiv официјално потврди дека се повлекува од Скопје, оставајќи 400 – 500 работници без работа. Во фабриката на Dura се кратат производни линии. Magna го стопираше своето претходно најавено ширење. Илјадници работни места се под сериозен ризик.
Ова е резултат на погрешните политиките на Мицкоски и ВМРО-ОКГ за изолација и криминални тендери за богатење на функционерите на власт.
Наместо да се занимаваат со економијата, тие преку своите медиуми се занимаваат со црна кампања и лажни афери. Нема интеграција – следи економска изолација“, соопшти СДСМ.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

