Свет
Гифорд реши да го напушти Претставничкиот дом на САД

Членот на Претставничкиот дом на САД, Габриеле Гифорд којашто беше тешко ранета минатата година, изјави дека во текот оваа седмица ќе си поднесе оставка.
Членот на Претставничкиот дом на САД, Габриеле Гифорд којашто беше тешко ранета минатата година, изјави дека во текот оваа седмица ќе си поднесе оставка.Габреле Гифорд на 8-ми јануари 2011 година за време на средба со избирачите во градот Тусон, во американската сојузна држава Аризона, се здоби со прострелна рана во главата. Напаѓачот Џерад Ли Фармер, конгресменката ја застрела во главата од мала оддалеченост а во пукањето беа убиени шест лица, меѓу кои и деветгодишно девојче и еден федерален судија, а ранети беа 12 лица.
Цела седмица потоа Гидфорд се наоѓаше во критична состојба, по што лекарите изјавија дека таа се опоравува. Долго време не можеше да и’ се врати способноста да зборува, откако и беше тешко повреден центарот за говор, како и други телесни функции. Пратеничката постојано изјавува дека не се чувствува лошо, но според лекарите таа е далеку од целосно закрепнување.„Ќе ја обајвам оставката во текот на следната седмица“, изјави Гифорд во водеопораката до поддржувачите и нејзините гласачи, објавена во неделата.Говорејќи за своето здравје, конгресменката истакна дека „секој ден се чувствува подобро“.Претходно Гифорд изјави дека продолжива да работи во Претставничкиот дом и оти дури и учествувала на неколку седници, но и покрај тоа не се вратила на нормалната работа по атентатот.Гифордс којашто во ноември 2010 година беше избрана за нејзиниот трет конгресменски мандат, одржувала собир со избирачите во нејзината изборна единица под мотот „Конрегсот на вашиот агол“Гифордс го претставува 8-от изборен округ на Аризона од 2006 година. Мажена е за астронаутот на НАСА, Марк Кели, ветеран од воената операција Пустинска бура од 1991 година кој учествуваше и во последната мисија на вселенскиот шатл „Индевоар“ до Меѓународната вселенска станица (ISS) со кој имаат две деца.Во текот на мандатот на Претставничкиот дом на Гифордс беше жесток поддржувач на развојот на обновливите извори на енергија. Таа се залагаше за правото на жените на абортус и правото на Американците да носат оружје. Таа повеќепати јавно призна дека самаат носи оружје, и жестоко се противи на секоја иницијатива за забрана на неговата продажба./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Финскиот премиер: ЕУ мора да ги убеди Унгарија и Словачка да ги поддржат санкциите против Русија

Финскиот премиер Петери Орпо денес изјави дека Европската Унија мора да ги убеди Унгарија и Словачка да ги поддржат санкциите против Русија, пренесува Танјуг.
Словачкиот премиер Роберт Фицо претходно денес изјави дека неговата земја нема да поддржи нов пакет санкции на ЕУ против Русија и ќе побара одложување на гласањето планирано за утре, објави Ројтерс.
Причината е загриженоста за снабдувањето со гас по 2027 година, објави Ројтерс.
Свет
Ердоган: Трамп ќе дојде на мировните преговори за Украина ако дојде и Путин

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговиот американски колега, Доналд Трамп, му потврдил дека ќе учествува во потенцијални мировни преговори меѓу лидерите на Украина и Русија во Турција, доколку рускиот претседател, Владимир Путин, се согласи да учествува.
На враќање од самитот на НАТО, Ердоган рече пред новинарите дека му рекол на американскиот претседател дека Анкара има за цел да ги собере руските и украинските лидери во Турција на мировни преговори.
„Тој (Трамп) рече: „Ако рускиот претседател Владимир Путин дојде во Истанбул или Анкара за решение, тогаш и јас ќе дојдам“, рече Ердоган.
Тој додаде дека ќе бидат воспоставени неопходните контакти за да се одржи состанокот што е можно поскоро.
Свет
Орбан до Европската комисија: Не се мешајте во внатрешните закони на земјите-членки

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската комисија (ЕК) треба да се воздржи од мешање во спроведувањето на законите во земјите-членки, реагирајќи на изјавата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во врска со „Парадата на гордоста“ во Будимпешта.
Фон дер Лајен претходно ги повика унгарските власти да го овозможат настанот планиран за претстојниот викенд, објави МТИ.
Во одговор, Орбан рече дека ЕК „нема никаква улога“ во внатрешните работи на спроведувањето на законот во земјите-членки и побара наместо тоа да се фокусира на, како што наведе, „итните предизвици со кои се соочува ЕУ, како што се енергетската криза и падот на конкурентноста“, каде што Комисијата, според неговите зборови, има јасна одговорност и каде што „во изминатите години направи сериозни грешки“.