Македонија
Отворено писмо на Вељаноски до опозициските лидери
Пропадна и денешниот обид на собранискиот спикер Трајко Вељаноски на координациска средба да се надминат разликите меѓу опозицијата и владејачкото мнозинство
Спикерот Трајко Вељановски не се откажува, тој упати отворено писмо до лидерите на опозициските партии кои ја бојкотираат работата на законодавниот дом, вклучително и ДПА со кое ги повика повторно на средба, но овој пат во поширок состав.„Упатив отворено писмо до лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски и до лидерите на политичките партии од опозицијата кои што се застапени во Собранието и кои што ја бојкотираат работата. Во отвореното писмо укажав хронолошки на сите активности и мерки кои што се преземени од моја страна, од лидерската средба до денеска се со единствена цел за градење на заедничка доверба и дијалог внатре во Собранието. За таа цел повикав одржување на една заедничка средба на која што би ги решиле сите заеднички прашања кои од страна на политичките партии кои ја бојкотираат работата на Собранието, се истакнати како проблеми“, изјави Вељаноски.Тој смета дека поканата ќе биде прифатена и откако ќе добие одговор вели ќе го одреди датумот за средбата.На денешната координација и без присуство на опозицијата било разговарано за иницијативата за уставни измени.Вељаноски информираше ДУИ се согласиле дека има потреба да се направи интервенција во Уставот во делот на судството и Државниот завод за ревизија и оти ќе ги гласаат овие предлози, но дека ќе достават и нивни барања.„Во однос на уставните измени, договорено е темпото за уставните измени во прва фаза и мислам дека на седницата за 21-ви месецов со тоа што е договорено измените ќе бидат прифатени“, рече Вељаноски.Вељаноски посочи и дека седницата за пратенички прашања, мора да ја закаже и без присуство на опозицијата, бидејќи како што вели таа обврска произлегува од Деловникот. Седницата за пратенички прашања е закажана за 24 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

