Економија
Пораст на ланските приходи на „Атлантик Група“ за 108,4 отсто
Хрватската компанија „Aтлантик Група“ во 2011 година остварила приход од продажбата во износ од 4,7 милијарди куни, што во однос на претходната година претставува номинален пораст од 108,4 отсто,
Хрватската компанија „Aтлантик Група“ во 2011 година остварила приход од продажбата во износ од 4,7 милијарди куни, што во однос на претходната година претставува номинален пораст од 108,4 отсто, додека во однос на про-форма консолидираните приходи од продажбата во 2010 година порастот изнесува 4,8 отсто. Добивката пред каматите и даноците (EBIT) во 2011 година на про-форма консолидираната основа пораснала 13,8 отсто нa 334,8 милиони куни, додека, нето добивката изнесувала 54,9 милиони куни. На порастот на приходите на „Aтлантик Група“ во 2011. година, со консолидација на „Дрога Колинска“, многу влијаеле и двоцифрените стапки на пораст на дивизијата Спортска и активна исхрана (16,3 отсто), како и „Pharma“ (12,5 отсто). Годината ја обележа успешната интеграција на „Дрога Колинска“ во системот на „Атлантик Група“, како и последичната реорганизација на работењето на компанијата со цел максимално користење на синергијата, и што поефикасно управување со вкупните работни процеси. Во првата фаза од интеграцијата, веќе кон крајот на првото тримесечје од 2011 успешно беа обединети дистрибутивните активности и логистичките процеси во „Атлантик Група“ и „Дрога Колинска„ на сите регионални пазари, додека во втората половина од годината беа консолидирани производните постројки внатре во „Група“. „Многу сме задоволни што „Атлантик Група“ и во 2011 оствари одлични резултати и со тоа ги исполни најавените очекувања. Управата и сите вработени во компанијата успешно ја завршија првата и длабоко влегоа во втората фаза од интеграцијата со „Дрога Колинска“, што секако придонесе за порастот на продажбата и добивките од работните активности и покрај неповолните услови во макро – економското опкружување. Иако очекуваме дека од макро – економска страна 2012. година ќе биде најмалку еднакво полна со предизвици, убедени сме во понатамошниот пораст и во подобрувањето на профитабилноста на „Атлантик Група“, и токму поради тоа, за да оствариме пораст, ќе се фокусираме на остварување на синергиските потенцијали, органскиот пораст преку активниот бренд менаџмент и иновациите, трошковната оптимизација, ефикасното управување со ризиците и понатамошното исполнување на финансиските обврски”, коментираше претседателот на управата, Емил Тедески.Хрватска по консолидацијата на „Дрога Колинска“ остана најголемиот продажен пазар, со учество од 28,2 отсто, следат Србија со 25,5 отсто, Словенија со 12,7 и БиХ со 7,6 отсто и останатите екс ЈУ пазари со 6,2 отсто. Западно – европските пазари, во продажбата учествуваа со 7,5 отсто, со значителен пораст на пазарите во Германија и Велика Британија. Пазарот на Русија има удел од 3,0 отсто, а останатите држави имаат 9,3 отсто во вкупната продажба. Во 2011. година, уделот од сопствените брендови во продажбата изнесуваше 71,6 отсто, екстерните брендови од дистрибутивното портфолио учествуваа со 17,3 проценти, уделот од продажбата на аптекарскиот синџир „Farmacia“ изнесува 5,8 отсто, додека, приватните стокови марки коишто ги произведува „Атлантик Група“ за трети страни имале удел од 5,3 отсто.Во 2012 година „Атлантик Група“ воведува нова организациона структура на работење со цел поефикасно управување на сите работни сегменти и дистрибутивни пазари, со што се напушта досегашната дивизиска организација, а се воведува организациона поделба на шест стратешки работни подрачја (кaфе, пијалаци, спортска и активна исхрана, здравје и нега, деликатесни намази, слатко и солено), четири њтратешки дистрибутивни подрачја (Хрватскa, Словенија, Србија, Maкедонијa, HoReCa, интернационални пазари) и пазарот на Русија. Работите во новата организација поврзани се во однос на сродниот вид производи или спрема продажното подрачје (спрема поединечниот пазар или канал на продажба). Гледајќи во однос на најновиот работен модел најголема индивидуална производна категорија во „Атлантик Група“, со учество од 21 отсто е кафето со брендовите Grand kafa и Barcaffe. Kaтегоријата пијалаци со клучните брендови Cedevita, Cockta, Donat Mg и категоријата спортска и активна исхрана со брендовите Multipower и Champ имаат поединечно учество од по 14 отсто, категоријата Солено и слатко во продажбата учествува со 12 отсто, Здравје и нега со 10, a Деликатесни намази со 9процентно учество. Дистрибуцијата на принципалските брендови изнесува 17 отсто од вкупната продажба.Во согласност со реорганизацијата на работењето, управата на „Атлантик Група“ се намали на четири члена, и основан е Стратешки работен совет, како мултифункционално тело кое расправа за виталните стратешки и оперативни корпоративни прашања со членовите надлежни за работните и дистрибутивните подрачја и корпоративната функција на поддршка./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

