Македонија
Усвоена Декларацијата за придонес на религиите и културите кон мирот
Вечерва во Охрид, учесниците на Втората Конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, ја усвоија Декларацијата за придонес на религиите и културите кон мирот.
Вечерва во Охрид, учесниците на Втората Конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, ја усвоија Декларацијата за придонес на религиите и културите кон мирот. „Ние се обврзуваме дека ќе развиеме меѓуцивилизациски и меѓурелигиски дијалог преку градење и јакнење на меѓусебни размени и ширење добри практики, особено во рамките на нашите сопствени заедници,“ се вели во Декларацијата и се праќа порака до овие и идните генерации за мирен соживот и одржлива иднина. „Сите учесници ќе се борат против сите појави на предрасуди, нетолеранција и исклученост,“ се наведува во документот, со кој и официјално се затвара Втората меѓурелигиска конференција. Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска на завршното обраќање го поздрави усвојувањето на Декларацијата. „Нашите верски и политички лидери, вчера и денес ве запознаа со тоа, што се Македонија прави, за да ја унапреди не само коегзистенцијата, туку и синергијата на нашиот народ и граѓанството, на православното и католичкото христијанство, на исламот и муслиманството, на протестантизмот и јудаизмот и на сите други помали конфесии,“ рече Канческа Милевска и ги покани сите присутни повторно во 2013 година да ја посетат Република Македонија и да учествуваат на Третата светска конференција. Конференцијата беше исто така и поздравена од Архиепископот јарославски и ростовски, Кирил, кој како претставник на руската црква ја посети Втората светска конференција. „Руската православна црква се залага и се моли проблемот со статусот на МПЦ што побрзо да биде решен,“ порача тој.
На Конференцијата за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог која по втор пат се одржува во Охрид присуствуваат преку 300 мисионери од сите верски заедници од над 30 држави од неколку континенти, како и голем број на експерти, научни и културни работници, професори и претставници од невладиниот сектор. Конференцијата беше во организација на Министерството за култура на Република Македонија во соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и со верските заедници во Република Македонија. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ даде критички осврт на надворешната политика која ја води владата на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ на почетокот се осврна на тоа зошто министерот Муцунски не е присутен на пратеничките прашања и праша дали можеби неговото отсуство е поврзано со градењето на новиот објект на покривот на Министерството за надворешни работи.
„Јас и претходно реагирав за едно многу контроверзно гласање во Генералното собрание на Обединетите Нации. Тоа е гласањето против обидот за носење на резолуција за прекин на огнот во Газа. Тогаш вие гласавте против, надвор од очекувањата на македонското општество и надвор од традицијата дипломатска која Македонија ја има”, истакна Мециновиќ.
Пратеникот од Левица дополни дека ова е првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба. Ваквиот чекор според Мециновиќ претставува најгруб дисконтинуитет во традицијата на македонската дипломатија.
Тој се осврна и на односите со Кина, безвизниот режим и прашањето за Тајван, како и на поширокиот геополитички контекст на продлабочена криза во трансатлантските односи. Ја обвини Владата дека во момент кога САД стануваат сè понепредвидлив партнер, таа ја врзува Македонија исклучиво за американската линија, занемарувајќи ја европската траекторија.
„Албанија воведе безвизен режим со Кина и се приближува кон Европската Унија. Вие не воведувате безвизен режим и се оддалечувате од Европската унија. Моето пратеничко прашање е: каде оди овој брод?” – праша пратеникот од Левица.
Македонија
Министерство за правда: Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет. Законот се проследува на второ читање, информираат од Министерството за правда.
Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон во министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.
,, Клучни новини кои се предвидени со Законот се:
Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,
За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,
Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,
Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,
Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,
Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и
бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ”, рече Филков.
Тој изрази жалење што дел од опозицијата не беше присутна на седницата за носење на, како што оценува, исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда.
Македонија
Утре, во утринските часови наместа со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност
Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

