Економија
Скок на акциските индекси
Тргувањето на македонската берза денеска заврши со скок на вредноста на акциските индекси и вкупен промет од 15.792.678,24 денари.
Тргувањето на македонската берза денеска заврши со скок на вредноста на акциските индекси и вкупен промет од 15.792.678,24 денари. МБИ10 го оствари петтиот непрекинат дневен раст кој изнесуваше 2,57% при вредност од 2.977.58 индексни поени, што претставува пораст на индексот за 9,6% во однос на првото тргување ( 04.01.2010 год.) во тековната година. МБИД со дневен пораст од 2,45% го покачи нивото на 3.235,59 индексни поени, што значи зголемување за 6,3% од почетокот на годината. ОМБ со намалувањето од 0,19%, ја намали вредноста на 109,77 индексни поени.Најголема ликвидност прикажа акцијата на Окитекс Скопје која котира на редовниот пазар. Преку една трансакција беа истргувани 13.260 акции по просечна цена од 185,00 денари, што значеше намалување од 69,67% во однос на последното тргување. Со оваа трансакција беа истргувани 40,6% од вкупниот број на издадени акции од ова друштво, а вкупниот промет од тргувањето изнесуваше 2.453.100,00 денари. Поголем промет од редовниот пазар имаше и Тутунска Банка Скопје со промет од 1.761.244,00 денари, што претставуваше трет обем на тргување на целата берза. Просечната цена изнесуваше 5.075,63 денари што значеше дневен пораст од 3,58%. Ценовниот распон се движеше од 5.000,00 денари до 5.100,00 денари. Истргувани беа вкупно 347 акции кои се истргуваа преку 15 трансакции. Од официјалниот пазар најтргувана беше државната обврзница од старото девизно штедење со промет од 2.336.450,30 денари. Просечната цена изнесуваше 95,13% од номиналната вредност, што резултираше со намалување од 0,42%. Истргувани беа 40.084 обврзници кои се истргуваа преку 8 трансакции.Следуваше Алкалоид Скопје со промет од 1.606.216,00 денари, при истргувани 318 акции кои се реализираа преку 19 трансакции. Распонот на постигнатите цени се движеше од 4.999,00 денари до 5.100,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.050,99 денари, а на дневна основа беше остварен пораст од 1,67%. Малку помал промет во износ од 1.579.249,00 денари имаше Гранит Скопје. Просечната цена од 800,02 денари предзивика висок пораст од 3,34%. Минималната цена изнесуваше 797,00 денари, а максималната 805,00 денари. Истргувани беа 1.974 акции кои се реализираа преку 20 трансакции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Окитекс Скопје2. Р.Македонија – Девизни влогови3. Тутунска Банка Скопје 4. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 5. Алкалоид СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. РЖ Услуги Скопје 8,60%2. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 8,38%3. Винарска визба Тиквеш Скопје 5,05%4. Попова Кула Демир Капија 5,00%5. Комерцијална Банка Скопје 4,85%Хартии од вредност со најголем пад1. Окитекс Скопје 69,67%2. Р.Македонија – Денационализација 03 2,25%3. Раде Кончар Скопје 0,75%4. Р.Македонија – Девизни влогови 0,42%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

