Свет
Американски новинарки уапсени во Северна Кореа
Две американски новинарки се уапсени под сомнение за шпионажа против Северна Кореа и се одведени на испитување во Пјонгјанг. Тие се новинарки на телевизија чиј прв човек е поранешниот американски потпретседател Ал Гор
Лаура Линг и Еуна Ли, новинарки на телевизиската станица Current од Сан Франциско биле уапсени уште на 17- ти март. Севернокорејските власти ги обвинуваат дека илегално влегле во земјата преки Кина. Западните медиуми се повикуваат на јужнокорејскито високотиражен дневен весник JoongAng објавил дека двете американски новинарки се уапсени откако ненамерно ја минале границата работејќи на репортажа за севернокорејските бегалци. Според некои информации репортерките биел упасени во близината нареката Тумен. Во написот се потенцирало дека границата меѓу Северна Кореа и Кина е долга, слабо одбележана и многу порозна, па оттаму и лено погодна за пребегнување од државата во која на власт е комунистичка диктатура а животниот стандард на населението, според пишувањето на западниот печат, е многу низок. Еден ден по апсењето новинарките биле одведени во Пјонгјанг и предадени на разузнавачката служба на севернокорејската армија. Таму, според весникот, ќе биле испитувани снимените материјали и забелешките што ги правеле двете новинарки за да се востанови дали навистина работеле на шпионажа на граничните воени објекти, за што се сомничат. Се претпоставува и дека кон нив нема да се постапува брутално како во други случаи, но сигурно е дека ќе бидат изложени на интензивно заморувачко испитување. Јужокорејските и американските разузнавачки служби внимателно го следат случајот, но досега официјално не го потврдуваат, наведува весникот.Северна Кореа најави лансирање на сателите на 4 и 8 април, но разузнавачките служби се сомневаат дека станува збор за тестирање на нови ракети со долг дострел, кои според западните проценки Пјонгјанг има намера да развие ракети кои ќе можат да се истрелаат директно врз американска територија.Амабсадоро на САД во Јужна Кореа, Арон Тарвер изјавил дека нема информации за уапсени репортерки и медиумите ги упатува на Стејт демартментот, но и од таму нема коментари.„Кина ги испитува релевантните извори по инфорамциите за американски државјани на границата меѓу Кина и Северна Кореа“, изјавил Чин Ганг, портпаролот на кинеското минситерство за надворешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.

