Свет
Најмалку 16 загинати во Ирак во напад на полициска академија
Најмалку 16 лица загинаа, а 26 се повредени во напад на бомбаш самоубиец на контролен пункт пред полициска академија, во североисточниот дел на Багдад.
Најмалку 16 лица загинаа, а 26 се повредени во напад на бомбаш самоубиец на контролен пункт пред полициска академија, во североисточниот дел на Багдад.„Бомбаш самоубиец со врзан експлозив околу појасот се крена во воздух пред полициската академија која се наоѓа во Палестинската улица“, соопштија претставник на локалната полиција.Во одвоени напади денеска во други делови на Ирак загинаа седум лица, од кои четворица полициски доушници, двајца припадници на силите за борба против тероризам и еден полицаец.Група напаѓачи, за кои се претпоставува дека се припадници на Ал Каида, нападнат изутрината една куќа во центарот на Бакубе, 60 километри од Багдад. Во нападот беа ликвидирани три жени и еден маж, кои биле полициски доушници.Непознати сторители извршиле напад над контролниот пункт во Аба Камиса, при што загинале еден полицаец и двајца припадници на антитерористичките сили. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку 30 лица загинаа во израелските напади врз бегалскиот камп Џабалија во Газа
Најмалку 30 лица загинаа во израелските напади врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, соопшти Агенцијата за цивилна заштита во Газа.
Портпаролот на Агенцијата Махмуд Басал изјави дека 12 лица, меѓу кои и жени и деца, загинале во нападот што се случил синоќа нешто пред 21:40 часот по локално време, додека 14 лица се водат како исчезнати и најверојатно заробени под урнатините.
Пред тој инцидент, директорот на Агенцијата Ахмад ал-Кахлут рече дека 18 лица биле убиени во неколку напади, вклучително и напади врз осум училишта во кампот, кои служеле како засолништа за раселените лица.
Најмалку 110 лица се повредени во нападите што се случија во текот на денот.
Израелската армија тврди дека убила десетици милитанти во Џабалија, без да обезбеди никакви докази.
Фотографиите што ги објавија медиумите од околината покажаа дека меѓу загинатите има многу деца.
Во меѓувреме, добротворната организација Лекари без граници соопшти дека илјадници луѓе се заробени во кампот, додека член на персоналот рече дека луѓето кои се обидувале да заминат биле „застрелани“.
„Никој не смее да влезе ниту да излезе, а секој што се обидува да замине е застрелан“, напиша координаторката на проектот на Лекари без граници, Сара Вилстек на мрежата Х.
Лекари без граници за Ројтерс изјавија дека најмалку 61 Палестинец биле убиени вчера низ Појасот Газа.
Новинари, исто така, се убиени и ранети во израелската офанзива во северниот дел на Газа, во која, според Гардијан, се мета и болниците, а Ал Џезира оваа недела повторно го обвини Израел дека намерно ги гаѓал откако двајца негови новинари беа тешко повредени.
Израел негира дека намерно гаѓал новинари.
Претставници на ОН изразија загриженост дека тековната израелска офанзива и наредбите за евакуација во северниот дел на Газа може да ја нарушат втората фаза од кампањата за вакцинација против детска парализа, која треба да започне следната недела.
Групите за помош го спроведоа првиот круг вакцини минатиот месец, откако во август беше откриено бебе делумно парализирано од вирусот на детска парализа тип два, прв таков случај на територијата во последните 25 години.
Свет
„Боинг“ планира да отпушти десет проценти од работниците
„Боинг“ планира да отпушти десет проценти од своите работници во наредните месеци бидејќи продолжува да губи пари и се обидува да се бори против штрајкот што ја спречува компанијата да ги произведува своите најпродавани авиони.
Новиот извршен директор Кели Ортберг испрати електронска пошта до персоналот во која вели дека отпуштањата ќе вклучуваат директори, менаџери и други работници.
Компанијата веќе воведе континуирани отпуштања, но Ортберг рече дека нема да има повеќе поради претстојните отпуштања кои ќе укинат 17.000 работни места, пишува РСЕ.
Компанијата ќе го одложи пуштањето во продажба на новиот авион, 777X, во 2026 година наместо во 2025 година.
Исто така, ќе го прекине производството на товарната верзија на својот авион 767 во 2027 година, откако ќе ги исполни сите нарачки.
„Боинг“ загуби повеќе од 25 милијарди долари од почетокот на 2019 година.
Синдикатот на машинските работници штрајкува од 14 септември, а дводневните преговори оваа недела не постигнаа договор.
Свет
Истрагата против „Спејс Икс“ е затворена, ракетата „Фалкон 9“ може повторно да лета
Американската федерална администрација за авијација соопшти дека го одобрила враќањето на летачките операции на ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс Икс“, откако ги разгледала и прифатила наодите од истрагата и корективните постапки на „Спејс Икс“ за несреќата на 28 септември.
ФАА на 30 септември соопшти дека „Спејс Икс“ мора да истражи зошто втората фаза од неговиот „Фалкон 9“ не функционира по мисијата на астронаутите на НАСА, приземјувајќи ја ракетата-носач по трет пат во три месеци.
Ракетата не функционираше за време на враќањето од вселенска мисија и се урна во област на Тихиот Океан надвор од назначената безбедносна зона одобрена од ФАА.