Економија
Пластичните кеси вон употреба од 2013 година
Употребата на пластичните кеси во трговските објекти, во Македонија, од 2013 година ќе биде целосно забранета, а нивното место ќе го заземат биоразградливите кеси.Како што појасни Мирко Јакимовски, претседател на Групацијата за производство и преработка на пластични маси при Стопанската комора на Македонија, биоразградливите кеси на прв поглед воопшто не се разликуваат од пластичните кеси, а разликата е во материјалот од кои се направени.„Биоразградливите кеси содржат посебни адитиви и додатоци, кои што придонесуваат тие кеси во допир со земјата, по извесен период од 90 дена до две години, целосно да се распаѓаат во содржини кои што се корисни за почвата како ѓубриво“, рече Јакимовски.Тој појасни дека овој процес е веќе присутен во некои држави во светот и се очекува во иднина да се произведуваат исклучиво биоразградливи кеси.„Уште пред две години поднесовме барање до Министерството за животна средина и просторно планирање целокупното производство на кеси да се насочи кон производство на биоразградливи кеси“, изјави Јакимовски.Истакнувајќи дека ресорното министерство ги донело потребните законски измени, Јакимовски посочи дека согласно новиот закон трговците нема да биде обврзани да ги продаваат биоразградливите кеси, туку ќе имаат можност и да ги делат бесплатно, со цел да бидат поконкурентни.Пред две години беше донесен Закон со кој пластичните кеси задолжително се продаваат по денар или два, што стана солиден бизнис, поради што тешко е да се поверува дека трговците би се откажале од таа заработувачка, истакна Јакимовски.Тој информираше дека поголемите супермаркети, како што се „Тинекс“ и „Веро“ веќе почнале да продаваат биоразградливи кеси, а наскоро се очекува тие да бидат достапни и во останатите продавници.Според Јакимовски, за производство на биоразградливи кеси не треба да се менува технологијата на производството, туку само се додаваат посебни адитиви. Македонската индустрија за кеси во моментот целосно ги задоволува домашните потреби, а се остварува и извоз во соседните држави.Јакимовски информираше и дека, откако беше воведена обврската за плаќање на пластични кеси, нивниот промет е намален од 40-50 отсто. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

