Свет
Како светот ја дочека Новата 2011. година
Пристигањето на Новата 2011. година свечено е одбележано ширум светот.
Новозеланѓаните и јужните пацифички острови први ја дочекаа Новата година, а во Њујорк, само неколку дена по хаосот што го направи снежното невреме, милион луѓе се собраа на Тајмс сквер за да го гледаат традиционалното полноќно спуштање на кристалната топка, јавува агенцијата Асошиејтед прес.
Во Европа Грците, Ирците, Шпанците и Португалците се веселеа до зори, обидувајќи се така барем за кратко да заборават на егзистенцијалните грижи, кои се појавија откако овие земји беа погодени од голема економска криза.
На Нов Зеланд беше приреден величествен огномет во главниот град Оукленд, а во градот Крајстчрч, населението не се вознемирило премногу од слабиот земјотрес кој бил почувствуван два часа по полноќ.
Во Сиднеј, Австралија, 1,5 милиони луѓе се собраа да го гледаат огнометот над пристаништето, а стотици илјади гледаа слична глетка над пристаништето Викторија во Хонг Конг.
Во Ханој, главниот град на Виетнам, првпат беше воведен дочек на Новата година со одбројување во западен стил, а околу 55.000 луѓе се веселеа пред градската опера со техно музика, што ја пуштаа диџеи од цел свет. Виетнамците традиционално ја слават Тет-лунарната Нова година која почнува на 3. февруари, но силното западно влијание последните години се вовлече меѓу младите кои не се сеќаваат на војните и сиромаштијата, пишува АП.
Во храмот Зоѓоѓи во Токио, Новата година е дочекана со пуштање на сребрени балони со пораки и ѕвонење на џиновскиот гонг, тежок 15 тони. Слично се забавуваа и 80.000 луѓе низ улиците на Сеул, главниот град на Јужна Кореја, а во Северна Кореја Новата година е дочекана со желби двете земји да ги подобрат односите.
Во Дубаи највисоката кула на светот беше буквално окупирана од огномет, што траеше 10 минути.
Повеќе од два милиони жители на Рио Де Женеиро направи журка на плажата Копакабана, со 20 минутен огномет и звуци на самбата.
Во Франција, повеќе од 53.000 полицајци беа на улиците поради претпазливост од терористички напади, а младите палеа возила низ градските улици.
Во Лондон се собраа половина милион луѓе, а во Шкотска каде што се прославува четиридневниот празник Хогманај, 25.000 луѓе учествуваа традиционалното спалување на моделот на викингшки брод. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

