Свет
Верушевски го искористи правниот вакуум и си го испрати синчето во Игало
Нејаснотиите за тоа кој имал право да му дозволи на Александар Верушевски, да се лекува во странство при пресуда од една година затвор и вчера правниците не можеа да ги разјаснат.
Нејаснотиите за тоа кој имал право да му дозволи на Александар Верушевски, да се лекува во странство при пресуда од една година затвор и вчера правниците не можеа да ги разјаснат.
Проблематичниот син на разузнавачот Зоран Верушевски, минатата недела, најверојатно со татко му заминал за Игало, Црна Гора во Институтот за физијатрија и ревматологија „Д-р Симо Милошевиќ“. Тука, Верушевски помладиот, официјално ја лечи едната нога во која бил застрелан при бандитската пресметка во скопската населба Тафталиџе.
Од МВР велат дека тие едноставно постапуваат по наредба на судот.
– Ние добивме наредба од Основниот суд Скопје 2 да ја издадеме таа привремена патна исправа за тој да се лечи во Црна Гора. Од судот во Струга не сме добиле никаква наредба. Пасошот на Верушевски е кај нас, го добивме од Основниот суд Скопје 2, кога таму завршила постапката против него како малолетник – вели Горан Павловски, портпарол на МВР.
Ова за „Време“ и вчера го потврди Бојан Ефтимов, претседателот на скопскиот суд.
– Постапката против него кај нас заврши. Како малолетник тој беше осуден на засилен надзор од социјален орган и психијатриско лекување од слобода. Пресудата стана правосилна во февруари годинава. По правосилноста, неговиот пасош го вративме во МВР – вели Ефтимов.
Меѓутоа, во струшкиот суд, ,ладиот Верушевски на 7 октомври беше осуден на една година затвор поради изнуда. Оваа пресуда се уште не е правосилна, но овој суд нема никаква информација за патувањето на Верушевски.
– Ние како суд не сме донеле мерка да му се одземе пасошот, ниту пак, да му се издаде некаков привремен пасош. Бидејќи му беше определена мерка притвор, не постоеше можноста да избега, па затоа не е барано да му се одземе пасошот. Скопскиот суд водел постапка против него, па најверојатно од таму ја црпи надлежноста да издаде таква наредба до МВР – вели Никола Спасевски, претседател на струшкиот суд.
Според Ѓорѓи Марјановиќ, пензиониран професор од Правниот факултет, нема колизија на двата суда.
– Знам, изгледа нелогично, но тука законот не е прекршен. Тоа е во нашата правна држава – коментираше Марјановиќ.
„Време“ вчера не доби образложение од лекарите што побарале Верушевски да се лекува во Игало. Тој бил опериран од хирурзите Александар Јосифовски и Борче Антевски. Тој ни рече дека не смее да дава изјави без дозвола на директорот на неговата клиника. Горан Кондов, пак, директорот на торакално, не упати на д-р Андреа Јосифовски, директорот на Клиничкиот центар. И тој вчера цел ден бил зафатен по состаноци.
Во судот не знаат колку време ќе се лечи Верушевски во Црна Гора.
Според Законот за кривична постапка, ако пресудата од една година затвор од моментот кога ќе стане правосилна, осуденикот не ја издржи во наредните четири години, тогаш воопшто нема да ја издржува. Со други зборови, посочуваат правни експерти, Верушевски може да се лечи четири години во Игало и потоа да се врати во Македонија „чист“. Поради застареност на пресудата, во тој случај, Верушевски не би ја издржал едногодишната затворска казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

