Свет
Над 100 килограми марихуана скриена во џип
Дрогата со потекло од Албанија е откриена во близина на гаражата на ЈСП , во џип "мерцедес" со косовски регистарски таблички управуван од Х.Е. (24) од Пеќ, а во него бил и Ѓ.Б. (35) од Кукс, Албанија
ПОЛИЦИЈАТА ПРЕСЕЧЕ НАРКОКАНАЛ ВО АКЦИЈА ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБАТА АВТОКОМАНДА
Дрогата со потекло од Албанија е откриена во близина на гаражата на ЈСП , во џип "мерцедес" со косовски регистарски таблички управуван од Х.Е. (24) од Пеќ, а во него бил и Ѓ.Б. (35) од Кукс, Албанија
Скопската полиција, завчера, запленила сто килограми и 470 грама опојна дрога марихуана. Во акцијата, како што соопшти МВР бил пресечен меѓународен шверцерски канал и биле лиши од слобода двајца странски државјани. По целосното расветлување на случајот уапсените ќе му бидат предадени на истражен судија од Основниот суд Скопје1 кој се очекува да им одреди и притвор.
Дрогата е откриена околу 21 часот во скопската населба Автокоманда, во близина на гаражата на ЈСП, во џип "мерцедес" со косовски регистарски таблички. Возилото било упавувано од Х.Е. (24) од Пеќ, а во него бил и Ѓ.Б. (35) од Кукс, Албанија.
Марихуаната била спакувана во седум најлонски вреќи во кои имало 99 пакувања, секое со тежина од околу еден килограм.
Според досегашната истрага е утврдено дека дрогата потекнува од Албанија и оти била наменета за продажба во Македонија.
Дрогата била најпрво пренесена во Косово, а потоа Х.Е. и Ѓ.Б. ја внеле во Македонија за да му ја предадат на лице од Скопје, за цена од 150 евра за килограм. Цената на марихуаната на наркопазарот изнесува околу 1.000 евра за килограм.
Од почетокот на годинава, МВР има запленето 290 килограми марихуана и околу 150 килограми хероин при што биле пресечени три меѓународни канали за шверц на дрога и биле уапсени повеќемина нарко шверцери. (П.А.Л.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е малку подобра. Вучиќ го објави ова од авионот, пренесува РТС.
„Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека неговата состојба е малку подобра. Верувам во него, а сега на пат кон Казахстан за одлични резултати за нашата Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
Тој додаде дека закрепнувањето на Дачиќ е во тек, но дека претпазливоста е сè уште неопходна.
„Секако, претпазливоста е сè уште неопходна и ништо не е сигурно, но е подобро, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат“, рече Вучиќ.
Свет
Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции
Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со републиканците во Претставничкиот дом. Тие се подготвуваат да сведочат во конгресната истрага за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
По месеци борба да избегнат сведочење во она што го нарекоа републикански заговор, тие се согласија да сведочат само кога Претставничкиот дом се приближи кон гласање дали да ги повика на одговорност за непочитување на Конгресот, објави Си-ен-ен.
Се очекува на Клинтонови да им се придружат и нивните адвокати, Дејвид Кендал и Шерил Милс, кои работеа на деталите за можните прашања. Сведочењето е закажано за Чапаки, Њујорк, каде што живеат Клинтонови. Хилари Клинтон треба да сведочи денес, а Бил Клинтон е закажано да сведочи утре.
Местото беше договорено помеѓу Кендал и претставникот Џејмс Комер, претседателот на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, за да се избегне понижувањето и преседанот на повикување на поранешен претседател на Капитол Хил на сослушување. „Никој не сугерира дека Клинтонови направиле нешто нелегално“, рече Комер. „Само имаме многу прашања.“
За да се подготват, Клинтонови се повлекоа, понекогаш заедно, понекогаш одделно, за да ги освежат сеќавањата на годините на Епстин, но исто така и да подготват одбрана и линии на напад против потенцијално непријателски настроени испрашувачи. Републиканците се обидоа да ги третираат како целина, но одделните сведоштва ги нагласуваат потенцијално огромните разлики во информациите што можеа да му ги понудат на одборот.
Real face of Bill Clinton in the newly released Epstein files.
Sick. Disgusting. pic.twitter.com/IOrVJ29qnP
— Saniyaa (@Saniya_physic) February 18, 2026
Според анализата на Си-ен-ен, Бил Клинтон патувал со приватниот авион на Епстин најмалку 16 пати, а во досиејата објавени од Министерството за правда на САД, тој бил фотографиран со жени во џакузи. Тој бил фотографиран и со Гислен Максвел, поранешната девојка на Епстин и трговец со луѓе.
Хилари Клинтон изјави дека никогаш не го запознала Епстин. Бил Клинтон никогаш не бил обвинет во врска со Епстин, а неговиот портпарол постојано повторуваше дека тој ги прекинал врските со него пред апсењето на Епстин во 2019 година и дека не бил свесен за какво било кривично дело.
Се очекува испрашувањето на Бил Клинтон да биде долго, можеби подолго од петте часа што ги сведочеше соработникот на Епстин, Лес Векснер, минатата недела. Сведочењето ќе биде снимено, а персоналот на републиканскиот одбор планира да ги објави видеата во рок од неколку дена.
Свет
(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек
Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикаа раселување на околу 3.600 луѓе, а 21 сè уште се водат како исчезнати. Градовите Хуиз де Фора и Уба, оддалечени околу 110 километри, беа најтешко погодени, објави Ројтерс.
Во Хуиз де Фора, 11-годишниот Бернардо Лопес Дутра, една од жртвите на поплавите, беше погребан во среда. Неговиот татко, Рикардо Дутра, доби сочувство од роднини и пријатели, додека неговата сопруга и ќерка се хоспитализирани. „Се обидувам да се соберам“, рече тој.
Massive flooding in Juiz de Fora, Minas Gerais, Brazil 🇧🇷 (25.02.2026) pic.twitter.com/lPHZAHDtKh
— Disaster News (@Top_Disaster) February 26, 2026
Дождовите се намалија во вторник вечерта, дозволувајќи им на властите и волонтерите да ги засилат напорите за да им помогнат на жителите кои останаа без покрив над главата и на нивните најблиски. Градоначалничката на Хуиз де Фора, Маргарида Саломао, ги повика луѓето што живеат во области со висок ризик да се евакуираат и да побараат помош во засолништата што ги обезбеди градската власт. Во градот останува на сила состојба на природна катастрофа.
🌊 Unbelievable scenes from Brazil! 🇧🇷 Last night, a violent storm in Minas Gerais turned streets into rivers, destroying homes. The flooding was so powerful that even coffins were seen floating through the water. 😱🀠pic.twitter.com/1ocy0Q7iHV
— Md.Sakib Ali (@iamsakibali1) February 26, 2026
Бразилската федерална влада го забрза испраќањето помош и хуманитарни материјали во погодениот регион, вклучувајќи здравствени работници и експерти за национална одбрана.
„Без разлика колку се трудите, во одреден момент се чувствувате беспомошни. Сведочите на ваква ситуација – луѓе заробени под урнатини – и повеќе не можете да направите ништо, вашиот придонес е ограничен“, рече Налван Луиз, пријател на момчето кое почина, на погребот.

