Свет
Уапсени полицајци- наркодилери
Во акцијата уапсени се Фитим М. (24) од Скопје, Али С. (25) од скопското село Шишево, двајцата вработени во МВР, како и Халил М. (30) од Шишево и Мухамед Б. (30) од селото Љубин при што кај полицајците биле пронајдени четири пакети со два килограма
ПОЛИЦИСКА ПОТЕРА ПО КРИМИНАЛНА БАНДА ВО СКОПСКИТЕ НАСЕЛБИ АЕРОДРОМ И МАЏАРИ
Во акцијата уапсени се Фитим М. (24) од Скопје, Али С. (25) од скопското село Шишево, двајцата вработени во МВР, како и Халил М. (30) од Шишево и Мухамед Б. (30) од селото Љубин при што кај полицајците биле пронајдени четири пакети со два килограма
Двајца полицајци дилери со дрога заедно со нивните помошници завчеравечер биле уапсени при обид да продадат два килограми дрога. Како што информираа во полиција во акцијата се пукало , а биле уапсени Фитим М. (24) од Скопје, Али С. (25) од скопското село Шишево и двајцата полицајци вработени во МВР, како и Халил М. (30) од Шишево и Мухамед Б. (30) од селото Љубин. Во акцијата и покрај тоа што се пукало нема повредени. При претресот кај нив биле пронајдени и запленети четири пакети со два килограма висококвалитента дрога- хероин како и два пиштола. Запленетата дрога била наменета за улична препродажба на ситно.
Полициската акција почнала во попладневните часови кога на паркингот пред трговскиот центар "Бисер" во населбата Аеродром, во паркиран автомобил "голф" биле забележани осомничените Халил и Мухамед за кои полицијата имала сознанија дека се замешани во шверц со дрога.
Тие биле веднаш уапсени, а полицијата ја продолжила акцијата за апсење и на двајцата полицајци Фитим и Али кои биле во возило "опел калибра" паркирано во близина на Воениот базе. При нивното апсење полицајците наркодилери впериле пиштол кон службените лица кои биле во нивна близина. Дилерите се обиделе со автомобилот да ги прегазат полицајците. Во самоодбрана полицајците употребиле службено оружје и пукала во автомобилот на двајцата полицајци- шверцери. Почнала потерата по дилерите. При обид да побегнат шверцерите со голема брзина се втурнале и кон неколкумина пешаци кои се затекнале на улиците. По получасовна бркотница "калибрата" на шверцерите била присилно сопрена на улицата "Жан Жорес" во Скопската населба Маџари. Потоа полицијата извршила претрес во автомобилот каде што биле пронајдени четирите пакетчиња со хероин а при нивен личен претрес биле пронајдени и два пиштола со калибар 9 милиметри.
Полицијата трага и по други лица замешани во случајот. Истрагата треба да утврди од каде полицајците-наркодилери и нивните компањони ја набавувале дрогата како и тоа колку време се занимавале со наркобизнис. (П.А.Л.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Се активираа сирените во Ерусалим по „лансирање од Либан“
Сирените за воздушен напад се огласија на периферијата на Ерусалим и окупираниот Западен Брег, според израелските апликации за предупредување.
Израелската војска соопшти дека тие биле предизвикани од „лансирање од Либан кон израелска територија“.
🚨Sirens sounded in the area of Jerusalem following a launch from Lebanon into Israeli territory🚨 pic.twitter.com/z7IALlaPRN
— Israel Defense Forces (@IDF) September 28, 2024
Видеа веќе се појавија на социјалните мрежи и на нив се слушаат звуци од сирените, а се гледа и чад.
BREAKING: Rockets fired from Lebanon hit the colonial Israeli settlement of Ma'ale Adumim, east of occupied Jerusalem. pic.twitter.com/wb0z3H939v
— Quds News Network (@QudsNen) September 28, 2024
BREAKING | Explosions heard in the vicinity of occupied Jerusalem. pic.twitter.com/6MS1HY6zbS
— The Cradle (@TheCradleMedia) September 28, 2024
Scenes from the Ma'ale Adumim settlement near Occupied Jerusalem pic.twitter.com/zwF50FrQGC
— Suribelle (@Syribelle) September 28, 2024
Според израелските медиуми, околу Ерусалим има целосно затемнување како резултат на ракетниот напад на Хезболах.
Повеќе детали очекуваме наскоро.
Свет
Нетанјаху: Насралах беше главниот мотор на иранската оска на злото
Бенјамин Нетанјаху даде изјава по убиството на лидерот на Хезболах Хасан Насралах.
Израелскиот премиер рече: „Државата Израел вчера го уби главниот убиец Хасан Насралах. Се пресметавме со одговорните за убиството на безброј Израелци и многу граѓани на други земји, вклучително и стотици Американци и десетици Французи. Насралах повеќе не беше терорист, тој беше терорист. Тој беше оската на оската, централниот мотор на иранската оска на злото“.
Регион
(Видео) Невремето во Србија направи хаос: се излеа Дунав, ветерот корне дрвја
Реката Дунав денеска се излеа во Бачка Паланка, во природниот парк „Тиквара“, додека на северот од Србија е забележан значителен пад на температурата и се предвидува невреме пропратено со врнежи и грмежи.
Имено, како што може да се види на видеата на социјалните мрежи, водата достигна такво ниво што од водата штрчат само чадори и улични светилки.
Како што соопшти денеска Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), облачност со врнежи од дожд, пад на температурата и умерен и засилен северозападен ветер најпрвин ја зафати Бачка Паланка, но потоа ќе се прошири и во остатокот од Војводина.
Студениот бран преку северот на земјата пристигна во Србија, каде во некои градови температурата беше околу 15 степени.
На граѓаните им се препорачува да ги преземат сите мерки за заштита на имотот, но и себеси поради предвиденото невреме.
Значителна промена на времето утре ќе има и во Македонија, најави Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник.
ИЗВОР: УХМР
Дневната температура значително ќе се намали (утре за 6 до 8, а во понеделник уште за дополнителни 4 до 6 степени). Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Во Скопје, утре ќе има повремени врнежи од дожд, локално со појава на ретки грмежи и силен ветер.
Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.