Економија
Цените на услугите на „Биро Веритас“ превисоки за охридските бродари
Цените на услугите на новата овластена компанија за вршење услуги поврзани со издавање или обновување на сертификати за пловни објекти за внатрешна пловидба кои пловат под македонско знаме, се превисоки за охридските бродари.
Цените на услугите на новата овластена компанија за вршење услуги поврзани со издавање или обновување на сертификати за пловни објекти за внатрешна пловидба кои пловат под македонско знаме, се превисоки за охридските бродари. Тие велат дека е некоректно да им се наметнуваат услуги по непознати цени, кои, според нивни неофицијални информации, биле превисоки, пишува Ohridnews. Охридските бродари се изненадени и од одлуката на Министерството за транспорт и врски да потпише договор со реномираната компанија “Биро Веритас“, бидејќи, како што велат, министерот за транспорт на средбата што ја одржале пред два и пол месеци им дал друго ветување. „Неговиот став беше доколку ние најдеме сертификациска фирма која нам ќе ни одговора, се разбира да биде меѓународно призната со сите сертификати и која што е релевантна во Европската унија ние ќе можеме да ја одбереме истата. Но се случува нешто друго, дошол француски Веритас тие потпишуваат договор, а ние не ги знаеме неговите официјални цени. Кога се пазарите, нормално е дел од факторот за одлучување да бидат цените, но ние ги немаме, а од неофицијални извори дознаваме дека тие се превисоки за нас“изјави Горан Устијаноски од Здружението на бродари. Бродарите својот став го изнеле пред овластениот раководител на Капетанијата кој ќе треба до го пренесе на Министерот за транспорт. Од одговорот кој бродарите очекуваат да го добијат најдоцна до утре ќе зависат и нивните следни чекори, а не се исклучува можноста доколку не бидат прифатени забелешките дел од бродарите да ги закотват пловилата заради неможност да го платат техничкиот преглед. „Биро Веритас“ е меѓународна групација која е специјализирана во областа на инспектирање, анализа и сертифицирање на производи и инфраструктурни објекти. Групацијата е формирана е во 1828 во Белгија, а до сега е присутна во 140 држави преку мрежа од 900 филијали, со повеќе од 39.000 вработени и 370.000 клиенти. До сега контролата на пловните објекти во Македонија ги вршеше германски „Лојд“ кој по покренувањето на обвинителен акт против нејзиниот овластен претставник за случајот со потонувањето на бродот „Илинден“, се повлече од земјава./крај/ohridnews/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

