Свет
Расте гневот на јавната администрација во Јужна Африка
Илјадници јавни службеници во Јужна Африка излегоа на мирни протести со барање за повисоки плати, а управата на полицијата се обиде да ги спречи своите вработени да им се приклучат, пишува во четврток Associated Press
Масовните протести, организирани од синдикатите, следуваат откако штрајкот на вработените во болниците и училиштата влезе во втората недела. За сега нема решение на повидок што, според синдикатите, значи дека уште повеќе илјади јавни службеници ќе му се приклучат на штрајкот.Синдикатот на полицијата најави дека полицајците ќе започнат да штрајкуваат во сабота, што предизвика паника во земјата со една од највисоките стапки на насилен криминал во светот: педесет убиства на ден. Како одговор на најавата, раководството на полицијата денеска успеа да добие судска наредба со која на полицијата и се забранува да штрајкува. Ова значи дека оние полицајци кои ќе се определат за штрајк, ризикуваат да бидат отпуштени.Полицискиот синдикат веднаш ангажирал адвокати кои ќе се борат против оваа судска одлука..Моќниот Конгрес на јужноафриканските синдикати најави дека оние нејзини членки кои не штрајкуваат , ќе му се3 приклучат на штрајкот најдоцна до наредната недела. Од таму, исто така, потсетуваат дека Конгресот не сакал да се оди на штрајк и на своите членови им препорачал да ја прифатат понудата на владата за покачување на платите од седум проценти, плус 700 ранди (96 долари) за храна и превоз. Работниците, сепак, не отстапија од своето барање за покачување од 8,6 проценти и 1.000 ранди за храна и превоз.Останува нејасно до кога ќе трае штрајкот. Штрајк сличен на овој во 2007 г. траеше еден месец.Поради кризата настаната од штрајкот, владата ангажира доброволци кои им служат храна на болните во болниците, им менуваат пелени на бебињата и им помагаат на повозрасните пациенти. Приватните болници, кои не се засегнати од штрајкот, преземаат дел од потешките медицински случаи.Јужна Африка беше силно погодена од глобалната рецесија, при што беа изгубени преку 900 илјади работни места само во текот на минатата година, згора на веќе огромната стапка на невработеност. Владата своето одбивање да ги покачи платите го правда со фактот што сака парите да ги искористи за создавање на нови работни места, а не за зголемување на платите на оние кои веќе имаат работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош
Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од студ поради тешките зимски услови и го повика Израел да ја ублажи блокадата на хуманитарната помош, додека, како што наведуваат, воените дејствија продолжуваат и покрај примирјето.
МСФ соопшти дека во јужниот дел на Газа, во Кан Јунис, од тешка хипотермија починало прерано родено бебе на 29 дена, истакнувајќи дека зимата во комбинација со исклучително лошите животни услови значително ги зголемува здравствените ризици, пренесе Ал Џезира.
Според податоците на Министерството за здравство на Газа, бројот на смртни случаи поради екстремните временски услови достигнал 13, додека претходно оваа недела од студ починало и двонеделно бебе поради недостаиг на соодветно засолниште и облека.
Шефот на педијатриско-акушерското одделение во Медицинскиот комплекс „Насер“ Ахмед ал-Фара предупреди дека хипотермијата е исклучително опасна за новороденчињата и дека доколку на семејствата во шаторите не им се обезбедат средства за греење и соодветно сместување, бројот на смртни случаи ќе расте.
МСФ наведува дека бележи висок пораст на респираторни инфекции, кои во текот на зимата би можеле дополнително да се шират, особено загрозувајќи ги децата под пет години.
Во последните недели Газа се соочува со обилни врнежи, силни ветрови и ниски температури, при што повеќе од 53.000 шатори, кои служат како привремено сместување за раселените лица, се оштетени или уништени.
Поради уништената инфраструктура, улиците брзо се поплавуваат, а канализацијата се излева, додека семејствата се принудени да се засолнат во делумно урнати објекти.
Обединетите нации наведуваат дека Израел и натаму спречува испорака на шатори, ќебиња и други основни потреби, додека околу 55.000 семејства претрпеле штета за време на невреме, а оштетени се и просторите наменети за деца, што погодило околу 30.000 деца.
Организацијата „Refugees International“ оцени дека хуманитарната помош во Газа пристигнува во минимални количини, делумно поради списокот на „контролирани предмети“, кој, според наводите, вклучува и основни потреби како пелени, завои и шатори.
Свет
Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија
Седум диви азиски слонови загинаа, а еден мал е повреден кога брз патнички воз се судрил со крдо кое ја преминувало пругата во североисточната индиска сојузна држава Асам, соопштија локалните власти.
Машиновозачот забележал крдо од околу 100 слонови и ги употребил сопирачките за итни случаи, но возот сепак удрил во дел од животните, изјави портпаролот на Индиските железници, Капинџал Кишор Шарма.
Пет вагони и локомотивата излетале од шините по сударот, но немало човечки жртви.
Ветеринари извршиле обдукција на угинатите слонови, кои дополнително треба да бидат погребани.
Местото на несреќата е шумско подрачје на околу 125 километри југоисточно од главниот град на Асам, Гвахати.
Возот „Раџдани експрес“, кој сообраќал од Саиранг во државата Мизорам која се граничи со Мјанмар, бил на пат кон главниот град Њу Делхи со 650 патници кога удрил во слоновите.
Сударите на возови и диви слонови не се ретки во Асам, каде што живеат околу 7.000 диви азиски слонови, што претставува една од најголемите концентрации во Индија. Од 2020 година, најмалку десетина слонови биле убиени на овој начин.
Свет
Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица.
Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.
Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани се 296 килограми производи од канабис.
Италија во јуни одобри безбедносен декрет со кој се забранува така наречениот „легален“ канабис и трговијата со „лесен канабис“ или коноп се прогласува за нелегална трговијата, кој, за разлика од марихуаната, нема психоактивни ефекти.

