Економија
Скромен промет на берзата, пад на индексите
Прометот на македонската берза за хартии од вредност при тргувањето во понеделник изнесуваше скромни 11.168.321,98 денари
Прометот на македонската берза за хартии од вредност при тргувањето во понеделник изнесуваше скромни 11.168.321,98 денари.
МБИ10 оствари пад од 2,36% при вредност од 3.415,06 индексни поени. МБИД загуби 0,40% од својата вредност, а на крајот од трговскиот ден се спушти на ниво од 3.701,49 индексни поени. ОМБ имаше незначителен пораст од 0,02% при 106,25 индексни поени.
Најликвидна акција од официјалниот пазар беше Алкалоид Скопје со промет од 3.820.636,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.719,51 денари, а остварен беше дневен пад од 2,69%. Истргувани беа 668 акции преку 35 трансакции.
Втора според ликвидност беше акцијата на Стопанска Банка Битола со промет од 1.246.683,00 денари. Просечната цена од 4.269,46 денари значеше намалување од 2,95%. Истргувани беа 292 акции преку 12 трансакции.
Акцијата на Гранит Скопје оствари промет од 1.202.220,00 денари. Просечната цена изнесуваше 877,53 денари, а остварен беше намалување од 2,98%. Истргувани беа 1.370 акции кои се реализираа 13 трансакции.
Од редовниот пазар најтргувана беше акцијата на Македонски Телеком Скопје со промет од 445.192,00 денари. Просечната цена изнесуваше 433,07 денари, а остварен беше пад од 3,18%. Истргувани беа 1.028 акции преку 9 трансакции.
Втора според ликвидност од редовниот пазар беше Прилепска Пиварница Прилеп со промет од 154.000,00 денари. Просечната цена изнесуваше 14.000,00 денари, додека дневниот пад беше 0,73%. Истргувани беа вкупно 11 трансакции.Биланси на компанииАлкалоид Скопје објави неревидиран неконсолидиран биланс на успех за период од 01.01. – 30.09.2009 година. Нето добивката за третиот квартал изнесува 97.083.000,00 денари. За првите три квартали нето добивката изнесува 348.759.000,00 денари што претставува пораст од околу 11% во однос на истиот период за минатата година.Алкалоид Скопје објави и неревидиран консолидиран биланс на успех за период од 01.01 – 30.09.2009 година, кадешто нето добивката за третиот квартал изнесува 120.263,00 денари. За првите три квартали од тековната година Алкалоид Скопје има остварено нето добивка од 401.728.000,00 денари што е пораст од околу 13% во однос на истиот период од минатата година.
Стопанска Банка Битола објави неревидиран биланс на успех за период од 01.01. – 30.09.2009 година. За третиот квартал од оваа година остварена е загуба од 13.515.000,00 денари, додека нето добивката за првите три квартали од тековната година изнесува 61.794.000,00 денари.
Лотарија на Македонија објави образложение за финансискиот резултат за период од 01.01. до 30.09.2009 година. Според извештајот загубата за периодот од 01.01. до 30.09.2009 година која изнесува 45.824.000,00 денари е намалена во однос на истиот период лани 01.01. – 30.09.2008 година каде загубата изнесуваше 90.485.000,00 денари. Ваквото намалување на загубата за овој период во однос на претходниот лани произлегува од следните причини: оперативните приходи се намалени за 39%; Оперативните расходи се намалени за 36%; Останатите приходи се зголемени за 361%.
Гранит Скопје објави неревидиран биланс на успех за период од 10.01. – 30.09.2009 година. За првите три месеци од оваа година остварена е нето добивка од 255.583.000,00 денари што претставува пораст од околу 3,5% во однос на истиот период од минатата година. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Алкалоид Скопје2. Стопанска Банка Битола3. Гранит Скопје4. Макпетрол Скопје5. Р.Македонија – Денационализација 08 Хартии од вредност со најголем пораст 1. ЖАС Скопје 6,67%2. Скопски Пазар Скопје 3,85%3. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 1,01%4. Комерцијална Банка Скопје 0,82%5. Стопанска Банка Скопје 0,45% Хартии од вредност со најголем пад1. Макстил Скопје 9,68%2. Тетекс Тетово 8,41%3. Македонски Телеком Скопје 3,18%4. КЈУБИ Македонија Скопје 3,16%5. Гранит Скопје 2,98%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ
Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:
„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“
Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.
Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.
(ПР)
Економија
СДСМ: Инфлацијата зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ.
„Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите. Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат. За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард“, се наведува во соопштението.
Економија
Електродистрибуција го имплементира најновиот систем SIEMENS SCADA за дигитално управување со мрежа – Скопје
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг, соопштија од компанијата.
Со помош на најновиот SCADA систем, како што е појаснето, ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата.
„Со инвестиција од еден милион евра, најсовремениот SCADA систем овозможува повисоко ниво на автоматизација, сигурност и оперативна контрола, што претставува клучен предуслов за ефикасна енергетска транзиција и поголема диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата. Системот има особено значење во периоди кога сѐ поголем број фотонапонски централи се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. Досега се регистрирани 2.963 нови приклучоци од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од 860 MW, што во одредени ситуации може да претставува предизвик за стабилноста на енергетскиот систем. Со ваквите инвестиции во дигитализација на клучните процеси, Електродистрибуција обезбедува поквалитетни, доверливи и поефикасни услуги за своите корисници и ја зацврстува сигурноста и ефикасноста на мрежата, потврдувајќи ја својата заложба за модерна, транспарентна и дигитална енергетска инфраструктура“.

