Македонија
ЕК: Сексуалната ориентација да биде дел од законот за анти-дискриминација

Сексуалната ориентација мора да биде дел од Законот за спречување на дискриминацијата, гласи ставот на Европската Комисија, пренесува Дојче Веле
Во писмо од портпаролката на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, што го објавува Дојче Веле, се вели дека со новиот закон не се испочитувани директивите 2000/43 и 2000/78 на Европската Комисија, кои предвидуваат дека сексуалната ориентација треба да биде наведена како основа врз која е забрането да се дискриминира. Вклучување на сексуалната ориентација во законот синоќа во интервју за DW побара и словенечкиот европратеник и известувач за Македонија, Зоран Талер.„Кога еврокомесарот за проширување или амбасадорот на ЕУ во Скопје нешто изјават, тоа не се партиски линии или ставови, постојат стандарди и околу ова прашање работите се расчистени во ЕУ и на суд и во конвенциите и секаде. Ние во ЕУ сме загрижени за ова што се случува околу законот против дискриминација, најмногу затоа што ова е опасен симптом – нема врска што е европска регулатива, ние имаме свој став и го правиме ова од инает… Ова е многу негативен сигнал. Имаше јасни предупредувања, ова се дискусии кои во ЕУ се водеа пред 20-30 години и сега во ЕУ имаме стандард на кој сите се придржуваат – и Полска и Португалија и сите други.“, вели Талер во интервју за DW.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.