Свет
Украина: Што ќе каже Тимошенко?

Очите на украинската јавност се свртени кон премиерката Јулија Тимошенко, од која чекаат да се изјасни дали ќе ги оспори резултатите или ќе прифати пораз на претседателските избори и ќе поднесе оставка?
Украина чека да види како ќе се изјасни премиерката Јулија Тимошенко во врска со претсетателските избори што се одржаа во неделата – ќе ги оспори резултатите или ќе прифати пораз и ќе поднесе оставка?Се чини дека промосковскиот опозиционен лидер Виктор Јанукович извојува тесна победа, која веќе ја поздравија и набљудувачите.Но, Тимошенко се’ уште молчи по повиците од меѓународните набљудувачи за мирна транзиција на власта.Се очекува Тимошенко денеска да одржи прес-конференција, откако го одложи обраќањето пред медиумите во понеделникот.”Овие избори беа победа за сите во Украина”, се вели во соопштението на набљудувачите, предводени од ОБСЕ.Тимошенко, 49, во неделата вечер го обвини нејзиниот ривал за измама, но не ја повтори претходната закана дека ќе ги повика нејзините поддржувачи да излезат на улиците и да ја повторат Портокаловата револуција од 2004 година која ја донесе на власт.Како што јавува дописникот на БиБиСи од Киев, малкумина веруваат дека Тимошенко ќе може да собере голем број демонстранти што ќе ја поддржат нејзината кауза.Таа е под притисок што порано да донесе одлука, додава тој.Јанукович беше претседателски кандидат и на изборите во 2004 година, но беше тргнанастрана кога се збришани од гласовите се најде дека е изманипулирана во негова корист.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ердоган: Трамп ќе дојде на мировните преговори за Украина ако дојде и Путин

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговиот американски колега, Доналд Трамп, му потврдил дека ќе учествува во потенцијални мировни преговори меѓу лидерите на Украина и Русија во Турција, доколку рускиот претседател, Владимир Путин, се согласи да учествува.
На враќање од самитот на НАТО, Ердоган рече пред новинарите дека му рекол на американскиот претседател дека Анкара има за цел да ги собере руските и украинските лидери во Турција на мировни преговори.
„Тој (Трамп) рече: „Ако рускиот претседател Владимир Путин дојде во Истанбул или Анкара за решение, тогаш и јас ќе дојдам“, рече Ердоган.
Тој додаде дека ќе бидат воспоставени неопходните контакти за да се одржи состанокот што е можно поскоро.
Свет
Орбан до Европската комисија: Не се мешајте во внатрешните закони на земјите-членки

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската комисија (ЕК) треба да се воздржи од мешање во спроведувањето на законите во земјите-членки, реагирајќи на изјавата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во врска со „Парадата на гордоста“ во Будимпешта.
Фон дер Лајен претходно ги повика унгарските власти да го овозможат настанот планиран за претстојниот викенд, објави МТИ.
Во одговор, Орбан рече дека ЕК „нема никаква улога“ во внатрешните работи на спроведувањето на законот во земјите-членки и побара наместо тоа да се фокусира на, како што наведе, „итните предизвици со кои се соочува ЕУ, како што се енергетската криза и падот на конкурентноста“, каде што Комисијата, според неговите зборови, има јасна одговорност и каде што „во изминатите години направи сериозни грешки“.
Свет
Фон дер Лајен: Ја повикувам унгарската влада да ја отфрли забраната за „Парадата на гордоста“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги повика унгарските власти повторно да ја разгледаат забраната за „Парадата на гордоста“ најавена за сабота во Будимпешта и да се откажат од евентуалното казнување на нејзините учесници.
„Парадата на гордоста“ во унгарската престолнина мора „да се одржи без страв од кривично или административно гонење на организаторите или учесниците“, напиша Фон дер Лајен на X.
„Испраќам порака до LGBTIQ+ заедницата во Унгарија и на други места дека секогаш ќе бидам нивен сојузник“, додаде таа.
Во Будимпешта, од една страна, полицијата ја забрани „Парадата на гордоста“, додека градоначалникот Гергели Карачони, противник на десничарската влада на премиерот Виктор Орбан, одлучи да го одржи собирот.
Министерот за правда, Бенс Тусон, им пишал на амбасадорите од другите земји од ЕУ, велејќи дека ниту тие ниту нивните соработници не треба да имаат дозвола да учествуваат во маршот. „Правната ситуација е јасна, „Парадата на гордоста“ е забрането собирање“, напиша тој во писмо до кое увид има АФП.
И покрај забраната, голем број европратеници изјавија дека ќе дојдат во Будимпешта за да учествуваат на маршот во сабота.
Организаторите на маршот очекуваат рекордна посетеност, и покрај она што го велат Орбан и неговиот кабинет.
Премиерот им советуваше на организаторите „да не се мачат со подготовка на маршот оваа година“. „Тоа е губење пари и време“, рече тој пред да гласа за законските измени насочени кон забрана.
Властите, од друга страна, побараа поворката да се одржи на затворено место, како што е стадион или хиподром, подалеку од погледот на малолетници.