Свет
Три деца загинати во училиште на Хаити

Претставници на Црвениот крст соопштија дека при уривање на училиште на север од Хаити загинале три деца
Портпаролот на Црвениот крст, Периклес Жан-Батист, изјавил дека децата биле во училиштето кога се урнал еден од ѕидовите. Трагедијата се случила попладне по локално време во градот Кеп Хаитиен, 130 килоемтри од главниот град Порт-о-пренс.
Во овој регион последните денови врнеле силни дождови, а бил погоден и од еден од серијата послаби земјотреси по смирувањето на почвата, кој дури и не е забележан од сеизмолошките станици, пренесуваат агенциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Финскиот премиер: ЕУ мора да ги убеди Унгарија и Словачка да ги поддржат санкциите против Русија

Финскиот премиер Петери Орпо денес изјави дека Европската Унија мора да ги убеди Унгарија и Словачка да ги поддржат санкциите против Русија, пренесува Танјуг.
Словачкиот премиер Роберт Фицо претходно денес изјави дека неговата земја нема да поддржи нов пакет санкции на ЕУ против Русија и ќе побара одложување на гласањето планирано за утре, објави Ројтерс.
Причината е загриженоста за снабдувањето со гас по 2027 година, објави Ројтерс.
Свет
Ердоган: Трамп ќе дојде на мировните преговори за Украина ако дојде и Путин

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговиот американски колега, Доналд Трамп, му потврдил дека ќе учествува во потенцијални мировни преговори меѓу лидерите на Украина и Русија во Турција, доколку рускиот претседател, Владимир Путин, се согласи да учествува.
На враќање од самитот на НАТО, Ердоган рече пред новинарите дека му рекол на американскиот претседател дека Анкара има за цел да ги собере руските и украинските лидери во Турција на мировни преговори.
„Тој (Трамп) рече: „Ако рускиот претседател Владимир Путин дојде во Истанбул или Анкара за решение, тогаш и јас ќе дојдам“, рече Ердоган.
Тој додаде дека ќе бидат воспоставени неопходните контакти за да се одржи состанокот што е можно поскоро.
Свет
Орбан до Европската комисија: Не се мешајте во внатрешните закони на земјите-членки

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската комисија (ЕК) треба да се воздржи од мешање во спроведувањето на законите во земјите-членки, реагирајќи на изјавата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во врска со „Парадата на гордоста“ во Будимпешта.
Фон дер Лајен претходно ги повика унгарските власти да го овозможат настанот планиран за претстојниот викенд, објави МТИ.
Во одговор, Орбан рече дека ЕК „нема никаква улога“ во внатрешните работи на спроведувањето на законот во земјите-членки и побара наместо тоа да се фокусира на, како што наведе, „итните предизвици со кои се соочува ЕУ, како што се енергетската криза и падот на конкурентноста“, каде што Комисијата, според неговите зборови, има јасна одговорност и каде што „во изминатите години направи сериозни грешки“.