Забава
Смртта на Мајкл Џексон била претскажана!?

Претпоставката на Стејси Браун, авторот на биографијата за Мајкл Џексон, дека поп-иконата ќe умре наскоро, се исполни после три години
Пред три години Стејси Браун, човекот што ја напиша биографијата на Мајкл Џексон, беше уверен дека познатиот пејач нема шанси да живее подолго од 10 години поради исклучително лошата здравствена состојба, која се одразила и на неговиот изглед.Во книгата насловена како “Мајкл Џексон: Човекот зад маската”, Браун напишал:„Не верувам дека Мајкл Џексон ќе биде жив по 10 години. Ме чуди дека она што му се случи на Елвис Присли ќе му се случи и нему, тој живее на работ. Сигурно ќе пропадне и ќе изгори. Тежок е само 40 килограми, а висок е метар и осумдесет. Тоа е нездраво.“Браун на крајот додал дека не верува оти Мајкл ќе се застрела, туку дека неговата смрт сигурно ќе биде предизвикана од прекумерна доза од некои таблети.На крајот од биографијата Стејси запишал „Жално е што е поп-ѕвезда, а се уште е жив“, реченица што многумина шокирала, а таа негова претпоставка по три години станува реалност.
-Почина Мајкл Џексон-
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
И на 56 години, и нема рамна: Анистон откри кое јадење и помага да ја одржи својата совршена фигура

Славната актерка Џенифер Анистон стана едно од најомилените лица низ целиот свет уште од првиот ден кога се појави на малите екрани.
Таа е една од ретките актерки која успеала да го одржи својот изглед без да подлегне на новите трендови и да го промени својот личен опис преку пластична хирургија.
Нејзиниот изглед често е главна тема на разговор, а нејзините извајани мускули секогаш оставаат без зборови.
За да изгледа фит и на 56 години, актерката се придржува до специфична диета, но и многу тренира.
Анистон еднаш откри кое јадење го јаде неколку пати неделно, и токму благодарение на тоа ја одржува својата совршена фигура.
За оваа салата, потребни ви се половина чаша киноа, две чаши вода, малку магдонос, краставица, домат, авокадо, маслиново масло и сок од лимон. Измешајте сè заедно и уживајте во совршениот оброк за претстојните летни денови.
Забава
(Фото) Бекам е повторно сингл, со својот изглед привлече внимание во Париз

Синот на познатата двојка Викторија и Дејвид Бекам, Ромео, неодамна ја заврши седуммесечната врска со манекенката Ким Тернбул, а како резултат на тоа, во центарот на вниманието се појавија и бројни други гласини.
Веќе некое време, поточно, од прославата на 50-тиот роденден на Дејвид, се шпекулира дека односите во семејството не се баш најдобри, а дека постои и тензија меѓу Бруклин и Ромео. Сепак, Бекамови сè уште чуваат во тајност.
Во тој период, Ромео решил да присуствува на тенискиот турнир во Париз, Ролан Гарос, а неговиот изглед привлече големо внимание.
За оваа пригода, младиот Бекам избра лежерна маица и сако, со што се најде на листата на најдобро облечени познати личности на овогодинешниот турнир.
Исто така, се пишуваше дека Ким била причината зошто односите во семејството биле затегнати, но извор близок до двојката открил дека двајцата останале во пријателски односи по раскинувањето и дека сè е во најдобар ред.
Забава
(Видео) Џенифер Лопез воодушеви со својот изглед и енергија, носеше провокативен костим

Латино дивата Џенифер Лопез настапи на фестивалот World Pride Music во Вашингтон и блесна во сребрен костим.
Не е тајна дека Џеј Ло внимателно го подготвува секој свој настап и ги воодушевува луѓето ширум светот со својата енергија. Сепак, како и обично, фокусот беше на нејзиниот костим, а овој пат беше доста провокативен.
Како што истакна, се чувствува слободна и среќна и е подготвена да ја сподели целата енергија што ја има со публиката.