Македонија
Елефтеротипија: Вашингтон употреби „Северна Република Македонија“
Левичарскиот Елефтеротипија повикувајќи се на неименувани високи американски дипломатски извори пишува дека администрацијата во Вашингтон сака да го заврши проблемот со името меѓу Скопје и Атина, со име „Република Северна Македонија“, давајќи му на „Скопје“ македонска нација и македонски јазик
Весникот го толкува американскиот предлог како замка за Грција, додавајќи дека дообјаснувањата околу опсегот на името, за кој Грција инсистира да биде „ерга омнес“, би биле оставени за натамошниот тек на преговорите. Елефетеротипија пишува дека американскиот притисок во последно време е засилен и постетува на периодот пред Самитот на НАТО во Букурешт. Елефтеротипија пишува дека стапицата за Грција која ја подготвува Нимиц, е двете страни да се фокусираат само на прашањето за името, и дека потоа, според речникот (glosssary) на Обединетите нации, јазикот и нацијата ќе бидат означени како македонски, а Грција ќе нема практична можност тоа да го спречи. Весникот критички се осврнува на потезите на американската администрација во изминативе 10 месеци – односно откако Барак Обама е на власт, и толкувањето на Американците дека Грците во текот на преговорите се неконзистенти и постојано ги поместуваат своите цели ги интерпретира како неточни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.