Контакт

Свет

Строс-Кан е во домашен притвор во Емпаер Билдинг

Објавено пред

Новото привремено престојувалиште на поранешниот извршен директор на ММФ Доминик Строс-Кан е еден од најстарите облакодери на Њујорк – Емпаер Билдинг (Empire Building) во областа Менхетен, пренесува Асошиетед прес, цитирајќи извор запознат со ситуацијата на привременото сместување на Строс-Кан

dobivaj vesti na viber

Доминик Строс-Кан беше уапсен на 14 мај во Њујорк, врз основа на изјавите на 32-годишната собарка од њујоршкиот хотел „Софител“ којашто го пријави на полицијата со обвинување за сексуално насилство. Врховниот суд на Њујорк во четвртокот се согласи да го ослободи со кауција од милион долари и да му одреди мерка домашен притвор. До излегувањето од притворот, Строс-Кан се наоѓаше во њујоршкиот затвор „Рајкерс ајленд“.Претходно се претпоставуваше  дека поранешниот челник на ММФ ќе остане во домашен притвор во еден апартман во луксузниот комплекс „Плаза Бристол“ еден од најмодерните квартови во Горен Менхетен. Сепак, обвинителите и адвокатите на Строс-Кан не можеа да постигнат договор во врска со овој апартман и на крајот беше одлучено тој привремено да биде сместен во Долен Менхетен. Како што објави The New York Post, повикувајќи се на свои извори, менаџментот на комплексот „Плаза Бристол“ одбил да го прими поранешниот извршен директор на ММФ. Исто така, беше објавено дека жестоко против вакво соседство истапил еден „висок претставник на жителите“ на комплексот.За обезбедување на Строс-Кан е ангажирана специјализираната приватна фирма „Stroz Friedberg“, која е формирана главно од поранешни агенти на ФБИ. Строс-Кан ќе биде под окото на камерите за надзор, а на него ќе има електронска нараквица, која постојано ќе ја емитува неговата моментална локација. Дозволени се телефонски разговори и посети на роднините и пријателите на Строс-Кан. Доминик Строс-Кан  „Претходната вечер претставници на медиумите се обидоа да влезат во зграда од комплексот Бристол Плаза. Порати тоа станарите на комплексот не се согласија со тоа Строс-Кан привремено да биде сместен тука“, изјавил адвокатот на поранешниот челник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Вилијам Тејлор. Според него, Строс-Кан се одлучил за друга локација „од почит кон станарите“. Според судијата од Врховниот суд, Мајкл Објус, станува збор за привремена мерка, и во рок од неколку дена Строс-Кан ќе биде префрлен на нова локација.Како што пренесува Асошиетед прес, поранешниот шеф на ММФ под никаков изговор нема право да ја напушти куќата. Откако ќе биде решено прашањето на неговото сместување, ќе биде решено и дали Строс-Кан ќе се пресели во постојан апартман, каде што ќе живеат до крајот на судскиот процес, а тој може да ја напушти својата куќа само за да се сретне со адвокат, да оди на доктор, кога се јавува на судските рочишта и да оди на неделни богослужби. Притоа тој ќе биде должен да го извести обвинителството за неговите планови најмалку шест часа претходно. Емпаер Билдинг е еден од најстарите облакодери во Њујорк, на 21-кат е изграден во 1895 година. Во 1996 тоа беше прифатена како знаменитост на Њујорк а во 1998 година влезе во Националниот регистар на историски места на САД.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Соработничката на Епстин одби да одговара на прашања пред Конгресот

Објавено пред

Гислен Максвел, осудената соработничка на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, вчера одби да одговори на прашања од Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД. Максвел се појави виртуелно од затвор во Тексас каде што отслужува 20-годишна казна за трговија со луѓе, објави Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на комитетот, републиканецот Џејмс Комер, рече дека Максвел „очекувано“ го искористила своето право од Петтиот амандман да молчи. „Ова е очигледно многу разочарувачки“, рече тој. „Имавме многу прашања за злосторствата што таа и Епстин ги извршиле, како и прашања за можни соучесници“.

Комер додаде: „Искрено сакаме да дојдеме до вистината за американскиот народ и до правда за жртвите, и тоа е она за што се работи во оваа истрага“. Петтиот амандман на Уставот на САД го гарантира правото да се избегне самоинкриминација со одбивање да се одговара на прашања под заклетва.

Претставничката од Демократската партија Мелани Стенсбери им изјави на новинарите по сослушувањето дека Максвел ја искористила можноста да „се залага за помилување“. Нејзиниот адвокат, Дејвид Оскар Маркус, претходно објави на социјалните мрежи дека Максвел е „подготвена целосно и искрено да зборува доколку претседателот Трамп ѝ даде помилување“. „Само таа може да ја раскаже целата приказна. На некои можеби нема да им се допадне она што го слушаат, но вистината е важна“, напиша тој.

Од друга страна, Комер рече дека од разговорите со жртвите на Епстин било јасно „дека Максвел била многу лоша личност“ која не заслужувала никаков имунитет. Белата куќа претходно соопшти дека „не се нуди ниту се разгледува никаква помилување“ во нејзиниот случај.

Пред сослушувањето, група жртви на Епстин им пишаа на пратениците барајќи од нив да бидат скептични кон какви било информации што Максвел би можела да ги даде. Тие ја критикуваа за тоа што одби да именува „бројни моќни мажи“ вклучени во мрежата на Епстин за трговија со луѓе и за тоа што „не соработуваше значајно“ со органите за спроведување на законот.

Тие рекоа дека секој „посебен третман“ или „кредибилитет даден на нејзиното сведочење“ би бил штетен за жртвите. Максвел беше осудена во 2021 година за нејзината улога во регрутирањето малолетни девојчиња за Епстин, кој почина во затвор во 2019 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Папата Лав испраќа 80 генератори и илјадници медицински материјали во Украина

Објавено пред

Папата Лав XIV испрати 80 генератори за електрична енергија и илјадници медицински материјали во Украина за да им помогне на цивилите да се справат со ниските зимски температури и континуираните напади, објави вчера Ватикан.

dobivaj vesti na viber

Помошта е организирана како одговор на апелите од бискупите, кои предупредија на растечките тешкотии предизвикани од руските напади врз енергетската инфраструктура и температурите под нулата низ целата земја.

Три камиони со генератори и медицински материјали тргнаа од базиликата Света Софија во Рим и веќе пристигнаа во Фастив и Киев, области силно погодени од неодамнешните напади.

Покрај генераторите, доставени се илјадници медицински материјали, вклучувајќи антибиотици, антиинфламаторни лекови, додатоци во исхраната и мелатонин. Според официјалните лица на Ватикан, вторите се многу барани бидејќи Украинците се борат со стрес и недостаток на сон поради тековните напади.

Од Ватикан додадоа дека се во тек подготовки за испраќање на уште една пратка лекови и храна, а дистрибуцијата ќе биде координирана преку мрежи на парохии низ цела Украина.

Откако ја презеде функцијата минатата година, папата Лав повика на „праведен и траен мир“ во Украина и понуди да биде домаќин на мировни разговори меѓу Киев и Москва во Ватикан.

Украинскиот претседател Зеленски ја поддржа таквата иницијатива, додека руските претставници досега го отфрлија предлогот.

Пред да стане папа, Лав XIV ја осуди целосната инвазија на Русија врз Украина додека служеше како бискуп во Перу.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Хеликоптер за брза помош се урна во Либија, загинаа пет лица

Објавено пред

Хеликоптер за итни случаи се урна во базата Ал-Сара во Либија, враќајќи се од мисија за медицинска евакуација, при што загинаа пет лица, објавија локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила во област на околу 300 километри југоисточно од градот Куфра, објави порталот Ал-Васат.

Меѓу загинатите се двајца припадници на воената транспортна служба и медицинска сестра од болницата Куфра. Другите две жртви се странски државјани, пилотот на хеликоптерот и неговиот помошник.

Причината за несреќата сè уште не е позната, а либиските власти сè уште не издале официјално соопштение за падот на хеликоптерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесува законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија46 минути

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија51 минута

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија1 час

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија2 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет3 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија4 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија4 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија4 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет5 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет6 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет6 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет7 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа7 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет7 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет7 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет19 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија19 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија20 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...