Македонија
Во сабота почнува со работа Комисијата за 24 декември
Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември почнува со работа во сабота.
На средбата кај претседателот Ѓорге Иванов, членовите и претседателот на Комисијата, Борче Давитковски се договориле да почнат со работа во сабота околу 11 часот во Клубот на пратениците, а резултатите ги очекуваат во рок од два месеца.
„Јас ќе се трудам Комисијата да работи законски, а утре треба да го донесеме деловникот за работа со кој подетално ќе се знае како ќе функционира Комисијата“, изјави Давитковски.
Според него, сè уште не е утврдено дали Комисијата ќе работи според консензус или некако поинаку, но рече дека деловникот предвидува алтернативи.
Заклучоците што ќе ги донесе Комисијата ќе бидат доставени до засегнатите политички партии, владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ, кај кои гледа расположение за решавање на ситуацијата.
Претседателот на Комисијата, Борче Давитковски, и професорите Рената Десковска-Тренеска и Љубомир Данаилов Фрчкоски, предложени од СДСМ, и пратениците Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во присуство на претседателот Иванов прв пат во петок седнаа на заедничка маса. /крај/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

