Свет
Ќе се оперираат деца на "Филип Втори“
Управниот одбор на Фондот за здравство донел одлука да склучи договор со специјалната болница "Филип Втори" за операции на деца, иако таа нема дозвола да отвора срце кај најмалите пациенти.
ИЗВРТЕНА ПРОЦЕДУРА: ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ОДЛУЧИЛ ДА СКЛУЧИ ДОГОВОР СО Д-Р ЖАН МИТРЕВ ПРЕД ДА ДОБИЕ ДОЗВОЛА ЗА ДЕТСКА КАРДИОХИРУРГИЈА
Управниот одбор на Фондот за здравство донел одлука да склучи договор со специјалната болница "Филип Втори" за операции на деца, иако таа нема дозвола да отвора срце кај најмалите пациенти.
Управниот одбор на Фондот за здравство донел одлука да склучи договор со специјалната болница "Филип Втори" за операции на деца, иако таа нема дозвола да отвора срце кај најмалите пациенти. Од Фондот, преку соопштение, објаснуваат дека била донесена одлука да се склучи договор со болницата на д-р Жан Митрев, но тоа ќе се случи само откако Министерството за здравство ќе издаде одобрение со кое ќе се потврди дека установата ги исполнува неопходните критериуми по однос на простор, кадар и опрема.
Службата за информирање во Министерството за здравство, пак, тврди дека приватната кардиохируршка болница "Филип Втори" досега нема побарано никакво проширување на дејноста ниту, пак, побарала таму да се оперираат и деца. Иако се уште не се знае ни кој стручњак ќе оперира ни каква опрема за таа цел е набавена при носењето на одлуката, Управниот одбор ја договорил и цената што Фондот ќе му ја плаќа на д-р Митрев за детските интервенции.
"Договорот ќе биде склучен по досега најниска цена од 4.700 евра по операција. Целта е да се намалат трошоците за лекување во странство, да се поедностават процедурите и да се избегнат транспортот, визите и непријатноста на нашите најмали пациенти", објаснуваат од Фондот за здравство.
Д-р Митрев вчера одби да даде каква било изјава за тоа кој ќе оперира деца во неговата болница. Неговата секретарка кусо објасни дека јавноста за ова денес ќе биде информирана преку соопштение.
Директорката на Детската клиника проф. Мира Кочова нагласи дека се до добивањето на дозвола за операција на деца во "Филип Втори" нема да препраќа пациенти таму. "Се мора да биде законски, со јасни правила на игра, посебно кога се работи за деца", вели проф. Кочова. Лекарите од Детска, кои ги лекуваат децата со срцеви проблеми, велат дека за ваквата одлука на Фондот воопшто не биле консултирани.
"Ќе почекаме прво да ја добиеме одлуката од Фондот, ќе ја анализираме и ќе изградиме став во согласност со позитивните законски прописи", велат од Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Доктор од Македонија прегазил куче во Софија и продолжил да вози, случајот ја разбранува Бугарија
Дваесет и деветгодишен маж од Македонија со автомобил прегазил куче, а потоа побегнал од местото на настанот, јави „БТВ“. Инцидентот бил снимен со безбедносна камера.
Маја, улично куче за кое жителите од маалото се грижеле веќе 14 години, била прегазена пред гаража. На снимката се гледа како возачот запира по ударот, излегува од автомобилот, но наместо да помогне – си заминува. Настанот предизвика илјадници коментари и осуди на социјалните мрежи.
Според „Офњуз“, сторителот признал дека го удрил кучето, но тврдел дека маневрот бил ненамерен и дека немал никаква намера да ѝ наштети. Полицијата потврди дека мажот е државјанин на Македонија, без криминално досие и дека не бил под дејство на алкохол.
Материјалите од истрагата се доставени до Окружното обвинителство во Софија, идентификувани се тројца сведоци и запленет е видеозаписот од безбедносната камера.
Од Военомедицинската академија (ВМА) во Софија, за БТВ изјавиле дека раководството е информирано за инцидентот и дека соработуваат со надлежните органи.
Свет
Американците би можеле да плаќаат двојно поскапи италијански тестенини
Љубителите на италијанската паста во САД би можеле наскоро да се соочат со драстично поскапување – цената на тестенините може да се удвои поради предложена царина од 107 проценти на увозот од Италија.
Министерството за трговија на САД започна антидампинг истрага по жалби од домашни производители. На удар се неколку водечки италијански брендови, меѓу кои, а конечните резултати ќе бидат објавени до 2 јануари 2026 година.
Италијанските компании тврдат дека царината е „несоодветна и политички мотивирана“.
„Со толку високи давачки, нашите производи нема да можат да стигнат на американскиот пазар“, предупреди Маргерита Мастромауро од здружението Унионе Италијана Фуд.
Според земјоделската организација „Колдирети“, ваквата мерка би ја дуплирала цената на чинија тестенини за американските семејства и сериозно би ги погодила италијанските производители.
Свет
(Видео) Се урна нов мост во Кина
Новоотворениот мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но сè уште не е познато дали има жртви.
Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето, објави Ројтерс.
The Hongqi Bridge in Shuangjiangkou, Sichuan Province, China has collapsed.
Looks like the foundation on the mountain was not deep & strong enough.*This is a big dent on China’s structural engineering image & China haters are already having a field day laughing & mocking this… pic.twitter.com/bjSh0XhQMT
— Zimbo_Factual (@fracta70911) November 11, 2025
Мостот долг 748 метри е дел од националниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради обилните дождови.
Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, а изведувачи беа „Сечуан Роудс енд Бриџ Груп“.

