Свет
Денот што го промени светот
Уривањето на кулите близначки во Њујорк светот ќе го памети како дата на започнување на глобалната борба против тероризмот
Уривањето на кулите близначки во Њујорк светот ќе го памети како дата на започнување на глобалната борба против тероризмот, а Америка како ден кога станаа свесна дека е ранлива Ал Каеда нападна на 11. септември 2001 година со четири киднапирани патнички авиони. Првиот од нив неколку минути пред 9 часот со полна брзина удри во северната кула на Светскиот трговски центар во Њујорк, заедно со патниците.Менхетен го зафати паника, телевизиските екипи брзаа во финансискиот кварт за да ја снимат необичната несреќа. Само 15-тина минути подоцна стана јасно дека не се работи за несреќа. Пред очите на светската јавност и во живо на ТВ станиците уште еден авион удри во втората кула близначка на Светскиот трговски центар.Тогаш започна битка со времето. Кај кулите близначки пристигнаа над 10 илјади полицајци, пожарникари и спасувачи кои ги вадеа заробените во Светскиот трговски центар за да ги преместат на безбедно .Снема време бидејќи за помалку од два часа кулите се урнаа до темел, при што загинаа речиси три илјади луѓе, меѓу кои и бројни спасувачи. Уште околу шест илјади беа повредени. Долго потоа парчиња од урнатините паѓаа по улиците, а спасувачите не можеа да дојдат поблиску од две улици до местото на страотната трагедија.Драмата не заврши тука. Нападнат беше Пентагон, симболот на моќта на Америка. Патнички авион кој полета од Вашингтон, наместо во Лос Анѓелес, заврши во едно од крилата на Пентагон. Авионот со 58 патници и шестчлен екипаж удри во зградата на министерството за одбрана, каде загинаа уште 125 вработени во Пентагон.Четвртиот киднапиран авион, терористите го наменија за напад на Белата куќа или на Капитол. Но плановите им ги расипаа патниците, кои се обидоа да го спречат нападот и леталото се урна во Пенсилванија.По нападите во целиот свет станаа познати Ал Каеда и Осама бин Ладен. Таа, речиси непознатата терористичка организација и нејзиниот лидер станаа синоним за тероризам и непријателство кон западот.По најстрашниот терористички напад во американската историја започна глобалната војната против тероризмот на чело со САД. Притоа беше урнат талибанскиот режим во Авганистан, а од ирачкиот престол беше симнат Садам Хусеин.Осум години по трагедијата местото каде некогаш стоеја кулите близначки се уште е празно. Властите планираат изградба на 4 кули во кои ќе има деловни простории, како и спомен парк со музеј посветен на трагедијата. Се очекува првата кула да биде завршена 2013 година, заедно со спомен паркот и музејот. /крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

