Свет
Женева: Остварувањето на човековите права на маса

Преку интерактивен дијалог се разгледуваат поднесените извештаи пред Советот за човекови права
Делегација од Република Македонија предводена од министерот за правда Михајло Маневски од денеска до среда учествува на Презентацијата на извештајот на Република Македонија за Универзалниот периодичен извештај на Советот за човекови права на Обединетите Нации што се одржува во Женева, Швајцарија.Универзалниот периодичен извештај претставува механизам за преглед на исполнување на обврските и преземањата во областа на човековите права на секоја земја членка на ОН.Извештајот што ќе биде презентиран од македонската делегација содржи детални информации за правните , административните, и други мерки со кои се обезбедуваат човековите права.Процедурата предвидува преку интерактивен дијалог во траење од три часа да се разгледуваат поднесените извештаи пред Советот за човекови права.Во делегацијата што ја предводи министерот за правда Михајло Маневски , вклучени се претставници Владата на Република Македонија, од Министерство за надворешни работи, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и Министерство за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.