Свет
Северна Кореја се заканува како одговор на санкциите
Пјонгјанг по донесувањето на одлуката на Советот за безбедност на ОН за остри санкции заради нуклеарната проба од 25-ти мај, одговори дека ќе збогатува ураниум и ќе мине на употреба на плутониум во воени цели
Портпаролот на министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопштил дека на резолуцијата на Советот за безбедност ќе се започне со употребата на плутониумот во воени цели и со збогатување на ураниумот, пренесла севернокорејската државна новинска агенција KCNA. Притоа било наведено дека секој обид за натамошна изолација на Северна Кореја ќе биде сметана за воен акт на кој соодветно ќе му биде одговорено. „Стана сосема невозможно да се помисли дека Демократска Народна Република Кореја ќе се откаже од нуклеарното вооружување.“,стои во соопштението.Ова е првата официјална реакција на Пјонгјанг откако во петок Соведот за безбедност на Обединетите нации едногласно го прифати проширувањето на санкциите против Северна Кореја заради подземната нуклеарна проба кон крајот на мај и серијата истрелување балистички ракети со кус дострел која следеше.Со Резолуцијата инаку се забранува секаков извоз на оружје од Северна Кореја и секој увоз во неа од странска држава. Таа им дава и овластување на државите членки на ОН да го проверуваат сиот товар што преку морски, воздушен или копнен пат е упатен кон Северна Кореја, и притоа да биде уништена секоја стока со која се кршат санкциите. Според меѓуанродното право, оваа Резолуцијана ООН е обврзувачка за нејзините членкиЗападните медиуми потенцираат дека овојпат и Кина и Русија кои во минатото инаку не беа многу расположени за поострување на санкциите за Пјонгјан, ја поддржаа резолуцијата којашто ја подговтвија САД.Северна Кореја во 2002 г. демантираше дека има програма за збогатување на ураниум, процес кој може да доведе до производство на нуклеарна бомба. Сите постројки, пак, за производство на плутониум Пјонгјанг ги затвори во 2007 г. по шестостраниот договор меѓи Северна и Јужна Кореја, Јапонија, САД, Русија и Кина, но повторно ги стави во погон, откако во април Обединетите нации жестоко го критикуваа лансирањето ан ракета со долг дострел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

