Свет
За две пратенички години – пензија од 600 евра
Пензија од околу 36 илјади или близу 600 евра ќе може да добијат сите пратеници кои најмалку две години биле професионално ангажирани во Собранието.
Пензија од околу 36 илјади или близу 600 евра ќе може да добијат сите пратеници кои најмалку две години биле професионално ангажирани во Собранието. Пратеничките ќе може да заминат во пензија откако ќе го прослават 53 роденден, а пратениците на 55-годишна возраст, под услов дотогаш да имаат 25 години работен стаж.
Со тоа пратениците ќе имаат можност да се вбројат во посебна категорија пензионери, бидејќи ќе го урнат досегашниот пензиски рекорд кој изнесува околу 26.800 денари, колку што добиваат околу 500 пензионери, меѓу кои се и борците од НОВ. Од пратениците повисока пензија ќе имаат само поранешните претседатели на државава, кои имаат право на пензија во висина на платата што ја добивале додека биле на функцијата.
Со новиот закон на пратениците им се овозможува бенефициран работен стаж во висина од 80 проценти од просечната пратеничка плата исплатена во последните три месеци. Основицата на просечниот пратеник сега е околу 45 илјади денари. Во случај на смрт, повластената пензија ќе може да ја користи семејството на пратеникот, согласно условите од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Во таа пензија ќе може да уживаат сите пратеници што барем две години биле во Собранието, без разлика што работеле во другите 23 години и колкави примања имале.
По изгласувањето на законот пратениците се обидоа да ги релативизираат привилегиите што ги добија, изгласувајќи измени и во Законот за плати на функционерите. Со тие корекции пратениците сами си го укинаа функционерскиот додаток од 10.000 денари месечно. Тие се решија на таков потег бидејќи пред неколку месеци двојно им беа зголемени основиците на платите на сите избрани и именувани функционери.
Потоа седницата се прекина токму кога дојдоа на ред измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што ги предлагаат пратеници од повеќе партии и со кои се предвидува преоден рок од две години пред да стапат на сила новите правила за пензионирање на „обичните граѓани“.
За пролонгирање на рокот, покрај опозиционерите, се залагаат и петнаесетина пратенички од мнозинството. Но, претседателството на СДСМ донело одлука да не се поддржи тој предлог.
Старите услови предвидуваа во пензија да се замине со 60 години старост или 35 години стаж за жени и 63 години старост или 40 години стаж за мажи. Новиот закон ја зголемува границата за пензионирање, на 62 години старост за жените и 64 за мажите, со задолжителни 15 години стаж.
Според тоа, обичниот граѓанин ќе треба да работи десет години повеќе од еден поранешен пратеник за да заработи пензија во висина од 80 проценти од просечните примања што ги добивал во целиот работен век.
Според процените на Собранието, новите услови за пензионирање моментно може да ги искористат околу 80 пратеници од сите досегашни состави, од кои дваесетина се од сегашниот состав. Од овој мандат привилегиите ќе важат за сите пратеници, бидејќи пратеничката функција се професионализира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Професор од Киев: Нема знаци за мир во Украина
Професор од Институтот за меѓународни односи во Киев, Максим Камењецки, разговараше со Н1 за ситуацијата во Украина.
Максим Камењецки наведува дека настаните на фронтот се загрижувачки: „Со релативно нова тактика кога Русите се обидуваат да го направат она што го прават во Херсон, тие уништуваат град со цивили. Тие се обидуваат да ја пренесат оваа практика во други големи градови што не можат да ги освојат, во близина на фронтот каде што противракетните системи не се ефикасни – зборувам за Харков, Днепар, Запорожје, Одеса. Русите насочуваат балистички крстосувачки ракети кон градовите и таму е исклучително тешко. Изгледа доста драматично.“
„Володимир Зеленски рече дека ова е најтешката зима за Украина. Русите ќе го таргетираат енергетскиот сектор. Кога Русите ќе го погодат преносниот капацитет, дури и нуклеарните централи во западна Украина мора да бидат затворени бидејќи електричната енергија треба да се троши или да престане да се произведува. Русите чекаат температурите да паднат, тие се енормно високи за ова време од годината. Греењето е вклучено. Штом температурите паднат, Русите ќе се префрлат на централите што произведуваат топла вода за централно греење со цел да создадат невозможни услови за живот, тоа е нивната цел“, вели професорот.
На прашањето, дали има знаци за мир во Украина, тој одговори негативно.
„Досега нема. Нема такви знаци“, одговара професорот.
Свет
Дали Хутите конечно престанаа да напаѓаат бродови?
Јеменските бунтовници Хути сигнализираа дека ги прекинале нападите врз Израел и бродовите во Црвеното Море, додека во Појасот Газа се почитува кревкото примирје, објави АП.
Најјасниот сигнал за прекин на нападите дојде во писмото до Бригадите Ал-Касам на Хамас, објавено доцна синоќа.
„Внимателно ги следиме случувањата и изјавуваме дека ако непријателот продолжи со својата агресија врз Газа, ќе се вратиме на нашите воени операции длабоко во ционистичкиот ентитет и повторно ќе ја воведеме забраната за израелски бродови во Црвеното и Арапското Море“, се вели во писмото.
Сепак, Хутите официјално не потврдија дека нивната кампања во регионот е прекината.
Од крајот на 2023 година, Хутите извршија повеќе од сто напади врз трговски и товарни бродови, тврдејќи дека дејствуваат во поддршка на Палестинците во Газа. Бродови поврзани со западните земји и Израел исто така беа цел на напади, што ги прекина глобалните транспортни правци и ги зголеми трошоците за транспорт на стоки.
Соединетите Американски Држави и нивните сојузници постојано извршуваа воздушни напади врз позициите на Хутите во Јемен, а Вашингтон ја преименуваше групата во странска терористичка организација на почетокот на 2025 година.
фото: принтскрин
Европа
ФТ: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен
Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.
Единицата што ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.
Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.
фото: принтскрин

