Свет
Гадафи: Владата на Либија не употребила сила, но е подготвена за тоа
Либиските власти не употребиле сила за време на неодамнешните случувања во земјава, но може да ја употребат доколу тоа е потребно, изјави либискиот лидер Моамер ел-Гадафи кој рече дека нема да се повлече од власта
Протестите во либиските провинции со кои се бара повлекување од власта на Моамер ел-Гадафи кој е на чело на државата 42 години, почнаа на 15-ти февруари. Според извештаите на арапските медиуми и западните новински агенции, властите брутално ги задушуваат демонстрациите.„Ние не употребивме сила, но можеме да ја примениме во согласност со либиското и со меѓународното право“, изјави Гадафи, чие обраќање до нацијата е емитувано во вторникот на либискиот државната телевизија. Гадафи ги повика сите граѓани да им се приклучат на неговите приврзаници, да излезат од своите домови и да ја заштитат стабилноста на државата. Според либискиот водач, во Либија нема војна, туку станувало збор за обид на млади луѓе под влијание на дроги или испорвоцирани од криминална сили да ги повторат во Либија случувањата од Тунис и Египет. „Во Либија нема војна, групи млади луѓе под дејство на дроги ги напаѓаат касарните, полициските станици и крадат оружје. Одредени сили ги поттикнуваат, ги снабдуваат со оружје и со пари“, изјави Гадафи. Либискиот врховен лидер Гадафи соопшти дека нема да поднесе оставка, и покрај масовните протести против неговото владеење. Во обраќањето до либискиот народ, тој рече дека ќе остане на власт и ќе им се спротивстави на светските супер сили.„Јас сум борец…Нема да ја напуштам почвата на својата родна земја и подготвен сум да умрам тука како маченик“, порача Моамер ел Гадафи.Според најновите податоци на организацијата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч, најмалку 500 луѓе настрадале во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили.Во вторникот навечер Гадафи првпат се појави во јавноста по една седмица откако започнаа немирите во Либија. Тој на новинарите на националната телевизија им изјави дека се наоѓа во Триполи, а не во Венецуела „како што говорат лажните гласини“. Во веќе седумдневните протести во Либија според процените на арапските медиуми загинале повеќе од 500 луѓе, а околу четири илјади се ранети. Светската заедница ги повика либиските власти веднаш да го запрат насилството во земјата. Многу земји започнаа со евакуација на своите граѓани од земјата зафатена со безредија.Како што информираат од македонското Министерство за внатрешни работи, досега околу 40 маакедонски државјани побарале помош за евакуација од Либија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

