Македонија
Милошоски: Одлуката на СДСМ за бојкот е штетна за приоритетите на Македонија
Одлуката на СДСМ да го бојкотира парламентот штетно ќе се одрази на надворешно-политичките приоритети на Македонија, рече денеска министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски
Тој на трибината „Предизвиците на македонската надворешна политика во 2011година“, рече дека однесувањето на опозицијата не е соодветно со одговорноста на секој политички чинител во држава каде легитимитетот го потврдуваат граѓаните, а избраните претставници ја спроведуваат политиката во клучните институции.„Важно е секој одговорен и сериозен политички чинител и заради внатрешните процеси и заради стремежите на сопствената држава при постигнувањето на надворешно-политичките цели, одговорноста да ја примени и демонстрира во легитимните државни институции каде таа дебата според демократските процеси е овозможена, потребна и неопходна за една држава да се претстави како зрел и стабилен партнер во регионот и пошироките европски кругови,“ смета Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Укината забраната за камиони на патот Дебар – Маврово
Се укинува забраната за движење на тешки моторни на патниот правец Дебар – Маврово, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрана за камиони на патот Крива Паланка – Деве Баир
Забрана за движење на тешки товарни которни возила 19,45 часот на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир и обратно, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Службите од прв момент се на терен и ги чистат патиштата, СДС да се грижеа, немаше институциите да ги остават во девастирана состојба, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, неспособните СДС добро е што прогледуваат и што самите констатираат дека државата и институциите ги оставија во лоша состојба.
Појаснуваат дека од прв момент на снежни врнежи, службите се на терен и ги чистат патиштата низ државата.
„Нема непрооден пат, дури ни на највисоките планински превои. Патиштата се чистат од снегот и се фрла сол и песок.ВМРО-ДПМНЕ работи на сите полиња и ја средува државата од пустошот кој го остави СДС за време на седум годишното владеење.
ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за да обезбеди подобар живот за сите во Македонија и тоа е препознаено од граѓаните. Граѓаните препознаваат и за тоа зборува предноста и довербата од 5 спрема 1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
СДС кои на последните избори добија црвен картон, а со последните анкети се губат од политичкиот од политичката мапа во државата, немаат никаков кредибилитет да зборуваат за функционирање на институциите“, се истакнува во соопштението.
До некаде, како што велат, добро е што СДС прогледа и што индиректно потврдуваат во каква состојба ВМРО-ДПМНЕ од нив ја наследи државата, но време и да кажат дека тоа е поради нивната седумгодишна неспособност во практикувањето на власта, оставајќи ги институциите во девастирана состојба. И за тоа, нагласуваат од ВМРО_ДПМНЕ, треба јавно да излезат и да им се извинат на македонската јавност.