Македонија
Да го победиме расколот, порача за Рамазан поглаварот на ИВЗ
Големиот празник Рамазан припадниците на муслиманската вероисповед во Македонија го дочекуват во голем раскол, а неговото надминување е централнот дел од годинешново обраќање на поглаварот на ИВЗ Рис Улема Сулејман Реџепи до верниците
„Го молам Алах да ни овозможи месецот Рамазан да го поминеме во ибадет, да го зајакнеме доброволниот прилог, да се покаеме за нашите лоши дела, да ги победиме расколот и недоразбирањето, да го зајакнеме единството на Исламот и на Исламска верска заедница“, во вторник порача поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Ефенди Сулејман Реџепи им ја испрати на верниците на светиот месец Рамазан.„ИВЗ во изминатиот период имаше бројни позитивни резултати во својата работа, што претставува гаранција дека истат и во наредниот период ќе продолжи во таа насока, без разлика што ќе има структури кои ќе посакуваат нејзиниот забрзан развој да го попречуваат. Ние немаме друга Исламска верска заедница и оваа постојната е наша и ни припаѓа на сите нас. Нејзиното постоење и зацврстување е можно само со почитување на нејзините правила и на нејзиниот внатрешен ред и мир“ порача Реџепи.Од среда започнува најважниот и најсветиот месец на исламската вера. Тоа е деветти месец во муслиманскиот, лунарниот календар. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од консумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар).Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болни.Во последните неколку месеци Исламската верска заедница се соочи со превирања и раскол меѓу муслиманските верници.Рамадан Рамадани беше обвинет од ИВЗ дека шири вахабизам и му беше забрането да одржува молитви.Жестоките превирања на релација ИВЗ и приврзаниците на Рамадан Рамадани пред неколку недели прераснаа во инцидент. Наместо петочна молитва, скопскиот муфтија беше избркан со клоци и тупаници. Приврзаниците на Рамадани го претепаа скопскиот муфтија и поранешниот пратеник Ештреф Алиу.Распуштениот оџа пак, Рамадани собра над 7.000 потписи за смена на поглаварот Реџепи. Го обвинува за финансиски малверзации. Собирањето на потписи кое почна пред седум дена, како што најави тој, ќе паузира од почетокот на празникот Рамазан, кој започнува во среда на 11 август.Поглаварот на ИВЗ во понеделник попладне беше на средба и со американскиот амбасадор Филип Рикер. Час и половина разговарале за актуелните случувања во Исламската верска заедница и го осудиле ширењето на радикалните исламски структури во земјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Фокус на менталното здравје на децата и младите на „Денови на психологијата“
Комората на психолози на Република Македонија и годинава ја организира акцијата „Денови на психологијата“, соопштија од Комората. Целта е афирмација на професијата, промоција на дејноста и улогата на психологот во општеството, како и доближување на психолошката поддршка до пошироката јавност.
Под слоганот „Грижа за менталното здравје на децата и младите – градење на здрава иднина“, овогодишното издание го става фокусот на растечката потреба за рано препознавање, зајакнување и поддршка на менталното здравје на најмладите.
Комората упати јавен повик до сите психолози да се пријават за учество во реализацијата на психолошки активности што ќе се одржуваат од 1 до 10 декември 2025 година.
Агендата за „Денови на психологијата 2025“ ќе биде достапна на официјалните страници Instagram: denovinapsihologija и Facebook: Денови на психологија, каде ќе се објавуваат датумите, термините и локациите на настаните, информации за онлајн вебинарите и извештаи од реализираните активности.
Македонија
Економијата и инвестициите во фокусот – работни средби на Муцунски во Литванија
Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари одвоени средби со министерот за економија на Литванија, Едвинас Грикшас, и со претседателот на Конфедерацијата на индустријалци, Видмандас Јанулевичиус.
На средбите, Муцунски го претстави силниот ангажман на Владата за создавање поволна деловна клима преку атрактивни стимулации, современа регулатива и висококвалификувана работна сила. Тој истакна дека привлекувањето нови компании во клучни области како технологијата и иновациите, отворањето работни места и забрзувањето на економскиот раст и развој се врвен приоритет на економскиот ресор.
Разговорите беа насочени и кон можностите за интензивирање на економската соработка, како и кон конкретни иницијативи за унапредување на трговијата и инвестициите меѓу двете држави – на владинo и на компанискo ниво.
Македонија
Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна и може непречено да се употребува, велат од „Водовод“ по труењето во училиштето
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба.
„ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 26.11.2025 година изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава од ООУ Димо Хаџи Димов, општина Карпош.
Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа.
Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), при што констатираме дека водата во ООУ Димо Хаџи Димов во општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува“.

