Свет
100.000 евра за европската журка на плоштад
Треба да се укаже на високата сума пари за прославата на кандидатскиот статус. За тој трошок е донесен заклучок на Владата, а средствата се обезбедени од буџетот.
РЕВИЗИЈА НА ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ВЛАДАТА НА БУЧКОВСКИ ВО 2005 ГОДИНА
Треба да се укаже на високата сума пари за прославата на кандидатскиот статус. За тој трошок е донесен заклучок на Владата, а средствата се обезбедени од буџетот.
Министерството за финансии дало согласност за непосредна спогодба со извршителот поради
Владата на Владо Бучковски потрошила 100.000 евра за прославата на плоштадот Македонија во Скопје по повод добивањето на кандидатскиот статус за ЕУ на Македонија. Сумата потрошени пари вчера ја обелодени Државниот ревизор со укажување дека сумата што Владата ја потрошила за журката е превисока. Ова и уште десетици забелешки на неправилно финансиско работење на претходната Влада биле утврдени во ревизијата на владините финансиски извештаи за 2005 година што ја направил Државниот завод за ревизија.
"Треба да се укаже на високиот износ потрошени пари за прославата по повод кандидатскиот статус. За тој трошок е донесен заклучок на Владата, а средствата се обезбедени од од тековната резерва на буџетот. Министерството за финансии дало согласност за непосредна спогодба со извршителот поради непредвидливост на настанот и е извршен избор на најповолен понудувач со избор на најниска цена", стои во извештајот на Државниот ревизор.
Ревизорот во извештајот не кажува со кого била направена непосредната спогодба.
Кога се подготвуваше журката на скопскиот плоштад Македонија сите премолчуваа кој е организаторот додека бината цел ден се подготвуваше додека се чекаа резултатите од Брисел дали Македонија Ќе го добие кандидатскиот статус. Тогаш имаше информации дека бината ја подигаат невладини организации за да личело дека Владата нема врска со тоа, туку дека се се случува спонтано. Тогашната претседателка на Сојузот на жени, кои се спомнуваа како организатори, тогаш ниту демантираше ниту потврдуваше дека СОЖМ е организаторот.
Журката се случи на плоштадот, а власта порача да му се придружи на народот за да слави со познатите македонски естрадни sвезди, со ора и со огномети. Тогашната опозиција го поздрави кандидатскиот статус, но остана дома со критика дека место скапа прослава, владата треба да се зафати со работа.
Меѓу другите забелешки од Ревизорот за финансиските извештаи на Владата за 2005 година се и : трошење државни пари без покритие, плаќање прекувремена работа без евидентирани прекувремени работни часови, незаконски јавни набавки, некомплетни финансиски пресметки и исплати на патни трошоци, неправилен попис на метеријалните средства, ненаменско користење средства во угостителските објекти на Владата и непосредни спогодби за скапи прослави се дел од неправилностите во работењето на претходната Влада во текот на 2005 година, а кои ги утврдил или се сомнева во нив Државниот ревизор во неговата ревизија на финансиските извештаи на Владата за 2005 година. (Е.З.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

