Македонија
Прв пат без визи во Париз

Стотина граѓани на Македонија во сабота за прв пат отпатуваа во Париз без визи, на денот кога официјално стапува во сила одлуката за укинување на шенгенските визи за Македонија, Србија и Црна Гора.
Стотина граѓани на Македонија во сабота за прв пат отпатуваа во Париз без визи, на денот кога официјално стапува во сила одлуката за укинување на шенгенските визи за Македонија, Србија и Црна Гора.
Авионот полета точно навреме, во девет часот изутрината, а првите патници без виза, беа испратени од членовите на француската амбасада, кои ги почестија со шампанско и кроасани.
Еднодневната посета на Париз е организирана од Секретаријатот за евроинтеграции, а патниците за Париз беа избрани во четврток на јавно извлекување.
Заедно со среќните добитници во Париз патуваат вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и 20 најдобри македонски студенти и претставници на медиумите.
Предвидено е патниците од Македонија, да разгледаат дел од знаменитостите на Париз – Ајфеловата кула, црквата Нотр Дам, Лувр, Елисејските полиња, како и Триумфалната порта.
Граѓаните на Македонија по речиси две децении од 19 декември можат без визи да патуваат во сите држави членки на Европската унија, освен во Велика Британија и Ирска, како и во Норвешка, Швајцарија и Исланд. Без визи можат да патуваат македонските државјани што имаат биометриски пасоши и да престојуваат во земјите од шенгенскиот систем до 90 денови во период од шест месеци. /крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селото Света Петка (општина Сопиште);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од селото Маркова Сушица (општина Студеничани);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од улиците 100,21,23,83 (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.