Македонија
Потребна буџетски финансирана програма за борба против дискриминацијата
Потребно е донесување на буџетски финансирана програма за борба против дискриминацијата, стигмата и социјалното исклучување што ќе биде посебно фокусирана на припадниците на маргинализираните групи
Потребно е донесување на буџетски финансирана програма за борба против дискриминацијата, стигмата и социјалното исклучување што ќе биде посебно фокусирана на припадниците на маргинализираните групиОва е препораката на тематската група на ОН за ХИВ/СИДА, која денеска го промовираше извештајот од Анализата на законодавството во земјата поврзано со ХИВ/СИДА од аспект на човековите права.Според анализата, во Македонија во 2010 вкупно 134 лица се регистрирани како ХИВ позитивни. Од нив, 99 се случаи на СИДА, од кои повеќето од половината се веќе починати. Во најголем број од регистрираните случаи, ХИВ позитивните лица пријавиле дека се инфицирале преку хетеросексуален начин на пренос на оваа инфекција, а три четвртини од случаите (70%) се мажи.„Мошне значаен сегмент од оваа анализа е областа на социјалната сфера и делот со работните односи, каде се согледува дека во нашето национално законодавство не постојат специфични одредби со кои би се определила обврска во случај на утврден ХИВ позитивен статус со можен ризик за трансмисија, вработеното лице да биде префрлено на друго соодветно работно место“, рече Нинослав Младеновиќ, национален експерт и еден од авторите на анализата.Шелдон Јет, Претставник на УНИЦЕФ и член на Тематската група на Обединетите нации за ХИВ/СИДА истакна дека бројките на луѓе кои живеат со болеста во светски рамки се тројно зголемени. „Одредени закони и политики, стигмата и дискриминацијата може да ја блокираат ефективната здравствена заштита со тоа што ги оддалечуваат ХИВ позитивните од добивањето на здравствените услуги“, рече тој.Експертите препорачаа изработување на генерална стратегија за борба против дискриминацијата, стигмата и социјалното исклучување која ќе ги земе во предвид потребите на припадниците на маргинализираните групи. Апелираа до Владата да изготви програми за образование за сексуално и репродуктивно здравје, за жените, мажите и адолесцентите во кои ќе се промовира одговорно сексуално поведение и во кои на адолесцентите ќе им се обезбедат точни и сеопфатни информации за ХИВ/СИДА, вклучително и за употреба на кондоми, за посакувана/непосакувана бременост, како и за правото на безбеден абортус. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска и утре, 28 и 29 ноември 2024 година, ќе престојува во официјална посета на Црна Гора.
Денеска, во Цетиње, претседателката Сиљановска Давкова со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете држави.
Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица да оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.
Утре, 29 ноември 2024 година, петок, претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица ќе оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Во рамки на официјалната посета, претседателката Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја и вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа без напојување со електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 11.00 часот, корисниците ул. Индустриска броеви од 4 до 27 ( општина Гази Баба )
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од полициска станица „Бит Пазар“, ул. Војдан Чернодрински, ул. Алберт Станиќ, дел од ул. Исмаил Кадире, ОУ Јашар Бег- Скупи ( општина Чаир )
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека поради изведување на водоводен приклучок Ф 150мм.на улица Никола Парапунов 16, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Никола Парапунов.(Општина Карпош)
Македонија
Претпладне појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на влажна и студена воздушна маса од петок до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег, особено во сабота.