Свет
Во воздушен напад на НАТО загинаа 12 Авганистанци, најсмртоносна година за цивилите
Најмалку 12 цивили се убиени во воздушен на НАТО во источен Авганистан, а претстедателот Хамид Карзаи побара веднаш да започне истрага за инцидентот, јави во четврток Agence France Press повиквуајќи се на се гувернерот на областа Хогијани во провинцијата Нангахар, Мохамад Хасан
„Коалициските сили мината ноќ зивршија воена операција. Во селото Нокрхаил од воздух стрелале врз автомобил при што загинаа 12 цивили“, изјавил гувернерот Мохамад Хасан, додавајќи дека во соседното село Хашимхаил во ист напад загинале 14 лица, но дека се уште не е утврдено колку од нив цивили а колку талибаните. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи им нареди на министерствата за одбрана и за внатрешни работи, безбедносните служби, како и локалните власти да ја истражат смртта на цивили во областа Хогиани. НАТО, од своја страна, соопшти дека неговите воздухоплови дејствувале во соседниот округот Шерзад. Според авганистанската организација за човекови права Afghanistan Rights Monitor, годинава веќе е достигната рекордната бројка цивилните жртви во Авганистан од соборувањето ан талинбанскиот режим во 2001 г. Од почетокот на јуни во Авганистан од дејствија на терористи, бунтовници и борбите меѓу завојуваните страни во вооружен конфликт, загинале 1.074 цивили а ранети се повеќе од 1.500, соопшти огранизацијата адвокатот. Само во јуни годинава во 1.200 напади, терористички акти, престрелки, инциденти се убиени 212 цивили, се вели во извештајот. Најмногу цивили се убиени во напади, додека во исто време, бројката убиени во бомбардирањата и копнените операции на силите на НАТО е намалена. Во споредба со истиот период минатата година, таа оапднала речиси за половина. Во 2010 г., како резултат на бомбашки напади и самоубиствени напади извршени од страна на талибаните, убиени е се 61 отсто од вкупната бројка загинати цивили. Активистите за човекови права во Авганистан се загрижени за порастото ан цивилните жртви и сметаат дека новито командант на сислит ена САД и на НАТО, генералот Дејвид Петреус, кој ја водеше коалиционите сили во Ирак, може во земјата да ја примени ирачката тактика што ќе доведат до поголема употреба на огнено оружје, што, пак, од друга страна ќе придонесе за зголемувањето на цивилните жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД и Иран пред нови преговори, Трамп со предупредување
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека иранскиот врховен лидер треба да биде многу загрижен во пресрет на првите официјални преговори меѓу САД и Иран, по американските напади врз иранскaта нуклеарна програма минатата година, објави Си-Ен-Ен.
Трамп изјави дека Иран ќе се соочи со сериозни последици доколку се обиде повторно да ја активира својата нуклеарна програма, додавајќи дека Вашингтон внимателно ги следи таквите обиди. Истовремено, Иран предупреди дека ќе одговори непосредно и решително на секој евентуален напад, вклучително и со удари врз американски цели во регионот.
Преговорите меѓу двете земји се закажани за утре во Маскат, главниот град на Оман, каде што ќе учествуваат иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи и специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф. Сепак, двете страни имаат различни очекувања од разговорите.
Според американската администрација, преговорите треба да ги опфатат не само нуклеарните активности на Иран, туку и балистичките ракети, поддршката на регионални милитантни групи и односот на властите кон сопственото население. Од иранска страна, пак, се најавува дека разговорите ќе бидат ограничени на нуклеарната програма и укинувањето на санкциите.
Трамп истакна дека по американските напади арапските земји повеќе не се плашат од Иран и оцени дека уништувањето на нуклеарната програма било клучно за стабилноста на Блискиот Исток. Во меѓувреме, напнатоста во регионот продолжува да расте, со низа инциденти меѓу американските и иранските сили во Арапското Море и Ормутскиот Теснец.
Свет
САД и Русија преговараат за продолжување на нуклеарниот договор
Соединетите Американски Држави и Русија се приближуваат до договор за продолжување на почитувањето на ограничувањата од нуклеарниот договор Нов СТАРТ и по неговото истекување, објави Аксиос, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите.
Разговорите се воделе во Абу Даби во изминатите 24 часа, но засега не е постигнат конечен договор. Белата куќа не го коментираше извештајот. Во меѓувреме, американската војска соопшти дека САД и Русија се согласиле да го продолжат воениот дијалог на високо ниво.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија останува подготвена за дијалог со Вашингтон доколку има „конструктивен одговор“ на предлогот на Москва за продолжување на ограничувањата од договорот Нов СТАРТ. Договорот, потпишан во 2010 година, веќе еднаш беше продолжен за пет години, а секое ново продолжување бара посебна извршна одлука.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе одлучи за следните чекори поврзани со контролата на нуклеарното вооружување, а истовремено изрази желба Кина да се вклучи во идни договори, што Пекинг досега го одбива.
Американската војска оцени дека одржувањето на воениот дијалог е важно за глобалната стабилност и деескалација, нагласувајќи дека повторното воспоставување на комуникацијата доаѓа по средбите на високи воени претставници во Абу Даби.
Регион
Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години
Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА.
Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека иницијативата е подготвена од Министерството за образование, а пред усвојување на законските измени ќе треба да се изјасни и Министерството за дигитална трансформација. Тој појасни дека мерките имаат цел да ги спречат негативните влијанија на социјалните мрежи врз децата и адолесцентите, по примерот на други држави.
Владата најавува регулирање и ограничување на користењето на мрежи како ТикТок и Снепчет, при што насоките дополнително ќе бидат доработени од стручната јавност и ќе се подготви соодветна законска рамка.
Ограничувањата се дел од поширок европски и светски тренд, откако Австралија воведе забрана за пристап до социјални мрежи за лица под 16 години, а слични чекори најавија и Франција, Данска, Грција, Шпанија и Португалија. Европскиот парламент претходно побара воведување старосна граница од 16 години, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави можност за воведување вакви ограничувања и на ниво на ЕУ.

