Македонија
ЕК: Комисијата да продолжи со работа и покрај оставката на Давитковски

Комисијата да продолжи да работи и покрај најавената оставка на претседателот Давитковски, изјавил портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Петар Стано, пишува „Утрински“.
„Видовме извештаи за писмо со оставка на професорот Давитковски, претседател на Комисијата за истрага. Разбравме дека бил постигнат напредок и затоа е важно работата да продолжи, додека не се дојде до заеднички договорени наоди и препораки за натаму. Препораките треба да бидат претворени во позитивна акција за да се обезбеди позитивна политичка агенда. Европската комисија е подготвена да продолжи со совети и експертиза“, се вели во реакцијата на Стано.
Препораките на Комисијата и утврдувањето на она што точно се случи на 24-ти декември во Собранието беа и еден од главните услови за тоа Македонија повторно да се најде на дневниот ред на европската агенда./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи, велат од СДСМ

„Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата а Мицкоски молчи“, велат од СДСМ.
„Таравари рече дека прво треба да се решат етничките прашања а потоа да се зборува за економија. Меџити има стратегија за вдомување прво на партиските кадри. А Мицкоски си молчи.
Молкот на Мицкоски значи дека робусната операција за партизацијата на администрацијата е веќе договорена работа пред изборите.
Ова е скандал од огромни размери, кој говори дека зад лажниот патриотизам се крие систем на клиентелизам и корупција и затоа мора да има одговорност.
СДСМ бара веднаш да бидат запрени сите вработувања во јавната администрација, целосна истрага за овој скандал и постапка од Државната комисија за спречување корупција“, соопшти СДСМ.
Македонија
Граѓани ќе купуваат околу 1.000 производи по поевтини цени од оние по кои ги купуваа до вчера, велат од ВЛЕН

„Коалицијата ВЛЕН продолжува да се обврзува да им гарантира на граѓаните подобра социјална и економска благосостојба и посоодветно да си ги дозволи високите трошоци што ги практикуваше претходната влада. Во ова време кога не само кај нас туку и во целиот регион се соочуваме со поскапување на основните производи, Владата на ВЛЕН презеде иницијатива да го ограничи профитот на трговците за да ги заштити граѓаните од изнуда и сиромаштија“, велат од ВЛЕН.
„Сите инволвирани страни треба да знаат дека сега помина времето кога правеа што сакаа со цените, влијаејќи на џебот на нашите граѓани. Откако ја презедовме власта, тоа го сметаме за одговорност и правиме се за да обезбедиме добро владеење како што треба и како што заслужува.
Тоа значи дека сега нашите граѓани ќе купуваат околу 1.000 производи по поевтини цени од цените што ги купуваа до вчера. Затоа, од денот кога сме во владата, промената ја спроведуваме во пракса за да биде опиплива и видлива за граѓаните.
Во таа насока, Владата на ВЛЕН отсега ја ограничи профитната маржа на 5% на млеко, леб, брашно од типот 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и павлака. Додека на 10% профитната маржа е ограничена на месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тесто. Додека средствата за хигиена, свежото овошје и зеленчук, детергентите, детската храна, пелените, сапунот, тоалетната хартија се ограничени на 15 отсто.
Преку овие мерки ние како ВЛЕН ја докажуваме нашата посветеност на граѓаните и нивната социјална благосостојба. Заедно со постојано ангажираните експерти креираме политики за заштита на граѓаните од високите трошоци кои ги оштетуваат нивните џебови и ви гарантираме безбедност и економска стабилност.
Иднината на граѓаните е ВЛЕН. Ќе продолжиме да правиме добри работи за нашите граѓани“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.
Македонија
„Пратениците да го поддржат предлог – законот за укинување на двојазичните декларации“, бара Левица

„Левица го повикува владејачкото мнозинство, на седницата во понеделник, да го поддржи Предлог-законот за измена на Законот за потрошувачи, со кој се укинува обврската за двојазични декларации на производите!“, велат од Левица
„Со овој Закон се исправa неправдата врз македонските производители и потрошувачи, кои со години се соочуваат со административни и финансиски товари наметнати од клиенталистичките политики на режимските партии.
Го повикуваме ДПМНЕ, кои во минатото тврдеше дека Законот за двојазичност е противуставен, сега да застане зад својот став и да гласа за укинување на оваа обврска, која не само што е правно спорна, туку и директно ги оштетува македонските производители и трговци, особено во време на економска криза.
Очекуваме сите пратеници кои вистински се залагаат за интересите на народот да го поддржат овој закон и да стават крај на непотребната бирократска заврзлама која ги става во неповолна положба македонските производители“, соопштуваат од Левица.