Економија
Подобрување на енергетската ефикасност во градежните објекти

Побарувачката на електрична енергија во домаќинствата и јавните објекти во Македонија ќе се намали преку создавање на основни услови за енергетска ефикасност во градежниот сектор.
Побарувачката на електрична енергија во домаќинствата и јавните објекти во Македонија ќе се намали преку создавање на основни услови за енергетска ефикасност во градежниот сектор.
За таа цел денеска во Скопје беше промовиран Македонско-австриски проектот за создавање на средина за енергетска ефикасност на градежни објекти во Македонија.
Тенденција е на среден и на долг рок да се намали интензитетот на потрошувачката на електрична енергија во Македонија, која е за над 40 отсто поголема во однос на ЕУ.
Вредноста на проектот изнесува 1,7 милиони евра, а ќе биде финансиран од Австриската агенција за развој (АДА), Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија и македонското министерство за економија.
Проектот ќе трае до септември 2012 година и ќе има едукативен карактер, при што ќе се организираат наставни програми со цел онаму каде што е можно, затоплувањето да не се базира на електрична енергија, туку на некој друг вид на енергија, односно зградите да бидат барем термички изолирани.
Министерот за економија Фатмир Бесими истакна дека учеството на домаќинствата и комерцијалниот сектор во вкупната потрошувачка на струја во Македонија е поголемо од 40 отсто што укажува на потребата за инвестирање во насока на примена на мерките за енергетска ефикасност во овој сектор.
„Успешното спроведување на овој проект е од исклучително значење за Македонија и во остварувањето на националните интереси, но и од аспект на процесот на евроинтеграциите со создавање на еден контактибилен енергетски систем во рамките на правилата на ЕУ“, изјави Бесими.
Шефот на Канцеларијата за австриска техничка соработка Хајнц Хабертоер во име на донаторот АДА укажа дека Македонија треба да ја подобри својата енергетска ефикасност и да го стимулира користењето на обновливи енергии.„Одлуката на македонската влада за воведување на мерки за борба против недостатокот на енергија согласно регулативите на енергетската заедница е вискоценета од европските земји“, рече Хабертоер. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.