Македонија
Излезе прирачникот за спречување дискриминација во образованието
Прирачникот кој е наменет да ја спречи дискриминација во воспитно-образовниот систем, беше претставен денеска и од него се очекува да помогне во прифаќањето на различностите низ училиштата во Македонија
Прирачникот кој е наменет да ја спречи дискриминација во воспитно-образовниот систем, беше претставен денеска и од него се очекува да помогне во прифаќањето на различностите низ училиштата во Македонија.
Прирачникот, чиј издавач е Министерството за образование и наука, има за цел да ја подобри и зајакне соработката и координацијата меѓу сите надлежни институции и индивидуи вклучени во воспитно-образовниот систем, во насока на обезбедување на еднакви услови и можности за квалитетно образование на сите ученици без разлика на верска, национална, религиозна или каква било друга основа.
„Она што за нас е многу важно е тоа што министерството за образование е прва институција од институциите на централно ниво која почнува да развива програми и стратегии за прашањето на дискриминација откако е донесен законот за заштита од дискриминација и верувам дека ова ќе ги поттикне и другите институции да развиваат свои стратегии во оваа насока,“ рече Реџеп али Чупи, Директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците.
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, рече дека е сигурен дека овој прирачник многу ќе ја промени матрицата за начинот на размислување и начинот на прифаќање на различностите и ќе биде сигурно една добра алатка за справување со дискриминацијата која се појавува во различни облици, и различни форми и во различен интензитет, во различни делови од Македонија.
„ Јас ова го гледам како уште една слика во мозаикот што го градиме во Македонија, односно за начинот на кој сите ние ја градиме Македонија како функционална, мултинационална демократија во која сите граѓани без разлика на нивната национална припадност, полот, расата, вероисповест, и јазикот на кој говорат, ќе ги имаат истите права и ќе ги уживаат истите права како сите граѓани во Македонија“, рече министерот Тодоров.
Прирачникот за спречување и заштита од дискриминација во воспитно-образовниот систем во Република Македонија е издаден од Министерството за образование и наука, со финансиска и стручна поддршка на „Националниот ромски центар- Куманово“ во рамките на проектот „Кампања за образование на Ромите“ финансирана од „Ромскиот образовен фонд“./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика
По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“.
„Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе“, се наведува во соопштението.
Според „Влен“, граѓаните на Скопје на 19 октомври и 2 ноември ставија крај на оваа ера на политичко загадување.
Во партиското соопштение се додава дека е соборена неуспешната ко-влада меѓу Арсовска, Блерим Беџети и Левица, трио што оставило зад себе кал, долгови и град што се дави во хаос. Од ВЛЕН оценуваат дека оние што сакаа да им наштетат на Ссопјани, особено на Чаир, сега гледаат дека градот можеше да се исчисти и навистина се чисти, без нив.
Во завршниот дел на соопштението се наведува дека денес, Чаир со Изет Меџити на чело дише слободно.
„Улиците се чистат, но пред сè, се отстрануваат последиците од долгогодишните блокади и занемарувањето на чаирчани од страна на градската власт. Ова е чистењето што го чекаше Скопје – чистењето на совеста, одговорноста и старата политика“, порачаа од „Влен“.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорѓиевски објави фотографии од почетокот на акцијата за чистење, поддршка му даде и Мицкоски
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат десетици камиони и други возила кои ќе го чистат Скопје.
Ѓорѓиевски во неговата изборна кампања вети дека кога ќе стане градоначалник, откако ќе му биде врачен мандатот за 72 часа ќе го исчисти Скопје.
„Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува!“, напиша Ѓорѓиевски.

